На бенчмарк тестот GFXBench се појави нов, засега неименуван телефон од францускиот гигант. Да погледнеме кои се спецификациите на овој уред…Уредот засега ја носи ознаката OneTouch D820, а една од главните новости е што поседува 4,6 инчен екран со неверојатна QuadHD резолуција од 2560 x 1440 пиксели. Со ова, телефонот на Alcatel би го поседувал најостриот екран на светот со густина на пиксели од 639ppi, споредено со ривалот LG G3, кој има густина на пиксели од „само“ 534ppi.
Импресивните спецификации продолжуваат со сеуште неиздадениот MediaTek MT6595 процесор, кој поседува 8 јадра, како и 3GB RAM меморија (што го става во класата на Galaxy S5). Задната и предната камера имаат резолуција од 7 мегапиксели, но освен тоа, телефонот е способен да снима 4K UltraHD видеа.
Повеќе на: GSM.mkУредот засега ја носи ознаката OneTouch D820, а една од главните новости е што поседува 4,6 инчен екран со неверојатна QuadHD резолуција од 2560 x