Ген кој е поврзан со Алцхајмерот, може да почне да влијае на мозочната структура и психичката острина уште од предучилишна возраст, покажува ново истражување.Научниците одамна открија дека генот APOE се поврзува со ризикот од развој на Алцхајмерова болест.
Кај луѓето кои носат варијации Е4 на генот, се забележува повисок ризик од просечниот.
Ново истражување на експертите потврдува дека ефектите на овој ген можат да се забележи дури и во раното детство. Голем број истражувања покажуваат дека кај децата кои носат Е4, обично постои побавен развој во некои области на мозокот.
Тоа се оние области кои често атрофираат кај луѓето кои страдаат од Алцхајмерова болест, објаснува невролог од Универзитетот на Хаваите и раководител на истражувањето д-р Линда Чанг.
Од резултатите станало јасно и дека некои деца, носители на Е4, покажале полоши резултати во тестовите за меморија и нивните вештини за размислување.
Алцхајмеровата болест претставува делумно пореметување на развојот, а новите научни заклучоци го поддржуваат ова тврдење, посочува професорот по психијатрија Ребека Никмејкер. Трите форми на генот АРОЕ се Е2, Е3 и Е4.
Секој човек носи две копии на генот кои ги наследува од двајцата родители, објаснува д-р Линда Чанг.
Луѓето кои имаат една копија на Е4 имаат поголем ризик за развој на болеста. Две копии во организмот го зголемуваат овој ризик дополнително.
Истражувањето е спроведено со близу 1.200 здрави деца и тинејџери. Научниците утврдиле дека децата кои носат еден или два вида на Е4, обично се разликуваат од своите врсници по некои елементи на мозочната структура.Научниците одамна открија дека генот APOE се поврзува со ризикот од развој на Алцхајмерова болест.
Кај луѓето кои носат варијации Е4 на ген