Алегри: Силвио не ми го составува тимот

Откако италијанските медиуми пренесоа дека првиот човек на Милан, Силвио Берлускони, барал од Алегри да игра пресинг на Меси и му сугестирал со кој состав да игра против Барселона, со свој коментар за сиве овие информации излезе токму тренерот на Милан, Алегри.
Милан вечерва игра натпревар од 1/8 од Лигата на Шампионите против Барселона.
Силвио Берлускони сака да даде допринос за својот тим кога е во прашање подготовките на екипата за овој голем дуел.
Масимилијано Алегри сепак вели дека Силвио Берлускони е човек кој веќе долго време е во фудбалот и како таков ја познава фудбалската игра, посебно својот тим, и своите играчи.
„По 25 години во фудбалот, Силвио ја познава играта, со оглед на тоа дека е најуспешниот претседател на еден фудбалски тим. Секогаш прашува за составот кој ќе го изведам на терен и дава свои сугестии“ изјави Алегри.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Откако италијанските медиуми пренесоа дека првиот човек на Милан, Силвио Берлускони, барал од Алегри да игра пресинг н

Пронајдете не на следниве мрежи: