Алекс Ванко: Крешчендото на Ултра левичарските Талибанци

Да живееш во Скопје стана ебено опасна работа последнава година и нешто. Зборувам за обичните луѓе. Ако си „активист“, агент на тајна служба, „борец за слобода“ или друга воена професија, бизнисот ти цвета, Скопје е the place to be.  
Жално но вистинито, во Скопје веќе нема место за обични луѓе. Ние не смееме да прошетаме низ центарот, не смееме на раат да се напиеме кафе, да уживаме во пролетта и убавото време – Скопје е окупирано. Окупирано од луѓе кои не гаѓаат со пароли од втората светска војна и ни ги продаваат како иднина. Скопје е окупирано од луѓе кои вандализмот, негрижата и деструкцијата ни ги продаваат за модерна уметност. Тоа се луѓе без морална вертикала. Тие велат нема независни, нема неопределени. Времето било такво, ако не си со нив, ако не одобруваш анархија, сквернавење и вандализам – ти си за режимот. Ако ги земеме настаните од последниве десеттина дена – „режимот“ излегува одлична опција наместо овие талибански будали. Но, тука се. Кршат. Дивеат. Нивната дефиниција за мирен протест е 50.000 евра штета дневно и неколку повредени полицајци. Кршеле поради Тамара…. Поради Мартин Нешковски….. За слобода, за напредок за промена. Која факинг иронија човече, до ред преку анархија. За нив Мартин да беше жив денес – ќе беше уште едно „валкано ВМРОвче“ на кое ќе требаше да му се покаже местото. Но тоа не им пречи на некрофилските талибанци да го користат и валкаат неговото име со години. Да ги прашаш – колку Тамари можат да се спасат со парите од штетата која секојдневно се прави во центарот на Скопје – ќе те наречат ФАШИСТ и ќе помолчат за фактот дека се што катадневно кршат и уриваат, ќе треба да се плати. Да, да, од парите кои со години ги нарекуваат НАШИ, од буџет другари. Но тоа вас не ви смета нели? Целта е да се „симне режимот“ а „слободата“ е скапа играчка. Која перверзија човече.
      Ситуацијата е ПАТ. Ни ваму ни таму. Мора да се реагира, но како? Со години замижувавме на фактот дека во Македонија се слеваат милиони долари „сиви“ пари кои се дистрибуираат преку фондацијата „Отворено општество“. Пари кои не донесоа ниту просперитет ниту нешто добро. Со тие пари се финансираа мрзеливите татини и мамини синчиња, нивните скапи годишни одмори, Ајфони, теревенки по скопските кафулиња, разврат и пороци. Со тие пари се создаде една каста на луѓе на кои во описот на „работниот“ ден им е да се разбудат во 10 часот, да го сликаат утринското кафе и појадок и да ги постираат по социјалните мрежи, да воскликнат некоја револуционерна парола и да плукаат по „режимот“. Со еден збор да шират дефетизам, гнев, страв и да внесат сомнеж во секојдневието на просечниот Македонец, да се обесхрабрат сите оние кои мислат дека можеме, дека не бива, дека заслужуваме своја и пред се просперитетна Македонија. Валкана работа – но добро платена. Се гледа по профилите на „револуционерите“. По пет одмора годишно, оброци строго во елитни ресторани, дома не се пие кафе – строго по кафулиња, фрчат слики од теретани, козметички салони и клиники за естетско разубавување – кога веќе душата е црна…..  Е токму овие „слободари“ имаат задача да ве обесхрабрат драги мои. Да ве мамат со, Come to the dark side- it is fun all the way, да ве индоктринираат и лошото да ви го наметнат како етички критериум, да ви кажат дека се е дозволено кога е „режим“ и да скршиш имот, и да скршиш полициска глава и на крајот и да скршиш луѓе. Ако ги прашаш зошто – редовно те гаѓаат со цифри од типот 600.000 отселени млади ?!?!? 500.000 фантомски гласачи, 2.000.000.000 долг на Македонија и слично. Цифрите нарочно се големи и апстрактни затоа што имаат само една намена – да заплашат и индоктринираат. А се неточни, до лудило.
   И сега што. Да ги оставиме да кршат и уриваат? До кога можеме да издржиме Талибанство? Душата ми плаче кога ја гледам ордата како пирува по Скопје. Зошто? Сигурно ќе ви понудат некој ready made одговор, некоја преџвакана вистина која им ја пикнале во глава како на пример ВМРО многу троши народни пари! Ок, значи излезот е да се прави ШТЕТА која ќе се санира со истите тие НАРОДНИ ПАРИ?!?!?! Или нема слобода, ова е режим, диктатура, извикува „омладинац“ што фрла камен кон полицаец кој седи мирен и го трпи? Другари „слободари“, да немаше слобода до сега  болниците ќе беа полни со вас а не со полицајци нели? 600.000 млади одселени од МАкедонија а паркинг место ни за лек? Изгледа „фантомите“ освен што гласаат можат и автомобили да возат нели?
   Не е решение конфронтација. Со овие баханалии што се прават по Скопје во кои џганот има главна улога – тоа е нивната цел. Да не стават едни наспроти други, да се судриме и да потече крв по улици, како што многумина од „слободарите“ посакуваат по социјалните мрежи. Не смееме да им дозволиме да не закрват но мораме да им одговориме. Да направиме човечки штит околу објектите кои ги сквернават, да им кажеме доста е, немојте повеќе. Да направиме едно бдеење до изборите. Да си ги обезбедиме институциите, судовите, театрите, фонтаните. Да се менуваме едни дење едни ноќе, да покажеме дека Македонија ни значи повеќе од се. Без насилство, без рушење. Само да кажеме дека има такви кои се против талибанските манири на провокаторите. Уште нешто можеме да направиме, граѓански тужби против секој што можеме да го идентификуваме на фотографија или видео снимка, за вандализам и уништување на заеднички добра. 2000, 5000, 10.000 граѓански пријави. Нека платат казна. Нека ги боли џебот, не со насилство. Легално и преку систем. Кога тужбите ќе бидат поднесени, пола задача е завршена. Ќе ги имаме извлечено вандалите на светлина, со име и презиме и ќе знаат дека еден ден се ќе платат. Како граѓани толку можеме. Државата од друга страна треба да најде начин „инструкторите“ на Канвас да ги спречи на граница. Да им забрани влез, да ги оневозможи. Не знам како но држава сте, сторете нешто за да не слушаме „Ајмо Звиждаљке“ оркестрирани напади врз Македонија. На долг рок, треба само да им се скратат парите на човек-НВО организациите. Да се расипе, да се стави колец во „машината за перење“. Да ја вратиме Ристичка Иренка на работа во Театар. Доста одмараше со активизам. А кога парите ќе секнат – „јагнињата“ ќе стивнат, зошто тоа е единственото врзивно ткиво на „слободарите“ и тогаш нивните  вистински лица ќе ги видиме full frontal, uncut version. Да не си дозволиме од лошо на полошо да одиме. Нека патат тие што ја сакаат нашата крв на улица.
Нека биде – да имаш па да немаш нивното конечно проклетство.
Да живее независна РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !
Пишува Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичар
  
Жално но вистинито, во Скопје

Пронајдете не на следниве мрежи: