АЛЕКСАНДАР ДАШТЕВСКИ: ДЕСОРОИЗАЦИЈА ВЕДНАШ!

Она што го прави Сорос е преку неговата искривена теорија се обидува да воспостави контрола врз легално и легитимно избраните влади од страна на народот и со помош на своите “невладини организации” за кои троши огромни средства да наметне глобални вредности, уништувајќи го идентитетот, обичаите, традицијата и културата на секој народ, каде што дејствува. За таа цел ги употребува левоориентираните радикални структури во сите земји, затоа што нив не ги интересира ниту идентитетот, ниту традиционалните вредности. Тој управува со нив како со кукли, затоа го нарекуваат “Puppet Master”.Не изненадуваат средбите на лидерите на политичките партии на Албанците од Mакедонија со Еди Рама кој е претседател на левоориентираната Социјалистичката партија на Албанија.
Една од првите работи што излезе во претседателската кампања во САД од Wikileaks за Хилари Клинтон е дека Рама бил донесен на власт во Албанија во 2013 директно во договор со Џорџ Сорос и Хилари Клинтон. Предходно тој ги предводел претестите во Албанија во кои загинале три лица. Тоа било организирано од Сорос но бил обвинет Сали Бериша, што најмногу му помогнало на Еди Рама да дојде на власт. Одтука станува јасно кој ја потикнал оваа средба.
Затоа треба да се посвети поголемо внимание на новогодишната колумна на Џорџ Сорос  која иако сите медиуми ја пренесоа, сметам дека никој не навлезе подлабоко во тој текст. Во почетокот на колумната, тој објаснува за своето минато. Покрај тоа што пишува дека е дека е 86 годишен унгарски Евреин кој станал американски државјанин, тој објаснува и дека формативното искуство во неговиот живот го стекнал со окупацијата на Унгарија од страна на Германија и Хитлер. Ако внимателно се следи целиот текст, неговото пишување и неговото однесување, се доаѓа до заклучок дека нацизмот во кој тој благодарејќи на неговиот татко се вклопил, оставил најголем впечаток врз него. Затоа тој подоцна бега од комунизмот и бара начин како да го продолжи начинот на контрола врз светот. Тоа го нашол на Лондонската школа за економија, каде што, како што тврди и самиот паднал под влијание на филозофот Карл Попер, чија што теорија сам ја развивал, а која се заснова на затворени и отворени општества. Се разбира дека теоријата на Попер е сосема различна од тоа што Сорос се обидува да го развие, а што всушност претставува контрола на светот од страна на мала група луѓе, во рамките на еден нов светски поредок, како што тој често кажува. Инаку, отворено општество е термин кој настнал во социолошко-психолошката теорија со развојот на идејата за граѓанска демократија. Под тоа се подразбира рационално уредување на  општествените односи, развој на институциите и продуктивно ангажирање на луѓе, врз основа на почитување на личноста и нејзините вредности. Отворено општество би требало да биде идеал на либерално демократско општество во кое власта е одговорна и толерантна, а политичките механизми се транспарентни и флексибилни. Под тоа, би требало да се подразбира активна партиципација на граѓаните низ потполно остварување преку граѓанско општество и невладиниот сектор.
Она што го прави Сорос е сосема обратно. Тој преку неговата искривена теорија се обидува да воспостави контрола врз легално и легитимно избраните влади од страна на народот и со помош на своите “невладини организации” за кои троши огромни средства да наметне глобални вредности, уништувајќи го идентитетот, обичаите, традицијата и културата на секој народ, каде што дејствува. За таа цел ги употребува левоориентираните радикални структури во сите земји, затоа што нив не ги интересира ниту идентитетот, ниту традиционалните вредности. Тој управува со нив како со кукли, затоа го нарекуваат “Puppet Master”.
Но за да ги оствари овие свои планови потребни се многу средства. Се разбира дека тие не можат да се заработат со чесна работа. Затоа тој уште по заминувањето во Америка во 1956 година почнува да се занимава со берзански шпекулации и ги истражува разликите во американскиот и англискиот берзански систем. Тогаш го открива најголемото богатење со манипулации преку хеџ фондовите, што му донесува огромни средства.
Во 1992 година преку неговата фирма  Quantum funds, користејќи главно позајмени пари, за неколку недели заработил милијарда долари, кладејќи се на британската фунта. Притоа ја довел до банкрот Англиската банка или Bank of England, а се предпоставува дека работел со парите на Рокфелер-Ротшилд групацијата, која е всушност дел од светската влада во сенка, а на која тој и е обичен “потрчко” и работи по нивните упатства. Веројатно после таква операција не би останал жив, да не стоеле тие зад него. Овие средства подоцна ги претвара во неколку милијарди долари, при што преку центрите на моќ, поврзани со финансиската олигархија има слободен пристап до информации, лесно му тргнува од рака да ги руши владите низ светот, ако не се погодни за бизнис, да го украде имотот на тие земји, при што тие треба уште му се заблагодарат на филантропството што го направил за нив. Во долгиот арсенал на земји кои ги опљачкал се и Полска, Украина, Чешка, Србија и така натаму. Неговата фондација (OSI) Open Society Institute е присутна во повеќе од 50 земји во светот. Се смета дека во текот на своето делување преку неговите испостави потрошил повеќе од 11 милијарди долари за остварување на своите цели.
Со овие средства тој ги подкупува влијателните новинари и политичари со лева ориентација, а сите противници на неговата визија се етикетирани како неонацисти, фашисти, антисемитисти, како и лопови и криминалци. Особено е љубител на изборни измами, кои ги прави со притисоци и влијание врз центрите на моќ до кои е близок.
Истото го прави и со економиите на тие држави, каде што со помош на неговите луѓе успева да се донесат лоши закони за приватиација, а потоа носи свои луѓе кои по екстремно ниски цени ќе ги купуваат уништените индустриски капацитети. Тоа му успеало и во Русија, каде што во деведесеттите години уништува деведесет проценти од индустриските капацитети. Денес Русија има покренато обвинение против него и потерница преку Интерпол и го бара како злосторник кој работел на рушење на уставниот поредок на државата. Иста таква операција Сорос започнува и во Кина, но се воспоставува дека е тоа преголем залак за него.
Неговата главна цел е слабеењето на САД, за да може подобро да се контролираат од светската влада во сенка. Затоа тој вложува огромни средства во невладините организации таму. Постојано предизвикува немири и убиства. Под негово влијание е организацијата “Black Lives Matters” која послужила за провоцирање судири меѓу белците и црнците со цел да се предизвика дестабилизација во државата, а потоа тие да ја преземат контролата. Се смета дека во   градењето на оваа мрежа и нејзина употреба во Фергусон тој има вложено повеќе од 33 милиони долари. Во текот на немирите загинаа црнци но и белци од полицискиот состав, се појавија и поранешни војници црнци, кои со неколку акции убија повеќе бели полицајци. Така кованицата дека “Животот на црнецот е важен” направи конра ефект, што и беше нејзината основна цел. Ослабувањето на САД го прави со цел што е можно повеќе да ја врзе за меѓународните институции и да го уништи нејзиниот идентитет. На тој начин ќе може подобро да биде контролирана од финансиската олигархија, на која и служи исклучиво како воена сила за остварување на целите на глобализацијата, односно уништување на идентитетите и нациите во интерес на новиот светски поредок, кој ќе го контролира таа влада во сенка.
Овие средства што ги заработува лесно, доаѓаат од дестабилизација на државите, кај кои доколку забележи дека се финансиски слаби со леснотија ги дестабилизира напаѓајќи ја нивната валута. Така тој ги има девалвирано и валутите на Малезија, Тајланд, а потоа на уште неколку далечни источни држави. Запрашан дали се чувствува одговорен за длабоката далекуисточна криза која ја направил кон крајот на деведесеттите години, тој одговорил дека како рамноправен учесник на пазарот, последиците на неговото работење воопшто не го загрижуваат. Поради ваквото однесување тој е наречен економски злосторник.
Најголем дел од средствата кои ги заработува со шпекулирање и берзански малверзации ги префрлува во оф шор компании низ светот, а потоа таквите исперени пари, без да плаќа данок, ги префрлува во земјите во кои има своја мрежа. Така во мејловите кои излегоа за таканаречените “Panama papers”, чие обелоденување требаше да компромитира други бизнисмени и политичари се испостави дека Сорос има исперено огромни суми на пари. Потоа излегоа и документи дека тоа го правел во многу оф шор компании насекаде низ светот. Одтука покрај во неговите испостави тој со валкани пари финансира и повеќе меѓународни организации и медиуми.
Дел од тие организации особено заначајни за дестабилизација на Балканот, а посебно за Македонија се: “Transparency Inernational”, која постојано се става на страна на левицата во регионот, а кога е левицата на власт не е многу активна. Понатаму, “Радио слободна Европа”, кое е апсолутно необјективно и пристрасно кога се работи за интересите на отворено општество или обоена револуција финансирана од Сорос, македонските граѓани сигурно ќе се сетат на “International Crisis Group” – “Меѓународна кризна група” која беше посебно активна во конфликтот 2001 во Македонија, “Human Rights Watch” невладина организација за која Фондацијата Отворено Општество во 2010 година издвоила 100 милиони евра за период од 10 години, позната по тоа што постојано дава негативни извештаи за Македонија, тука е и другата организација за човекови права “Amnesty International”, финансирана од Сорос. Што се однесува до пишаните медиуми под контрола на Сорос е “Huffington Post”, кој често објавува содржини против актуелната власт во Македонија. Има уште стотина влијателни организации од кои најголем дел работат на територијата на САД, од кои скоро половина се основани како логистика на Демократската партија. Но покрај тоа, Сорос има на својот платен список и главни уредници односно новинари кои работат во мејнстрим медиуми, а кои се платени и од него. На пример, членот на бордот на акционери во “CNN” Давид Гирген, понатаму Џил Абрамсон главниот издавач на “New York Times”, Мартин Барон издавач на “Boston Globe”, Дејвид Бордмен кој е извршен директор на “Seattle Times”, Кери Смит, потпредседател на издавачки одбор на телевизиската куќа “ABC News”. Преку организациите “Pro Publica” во која Сорос има дел од акциите и “Center for Public Integrity” каде што тој има влијание на членот на управниот одбор Ариана Хафтинgтон од “Huffington Post”.
Сепак, свеста кај одредени структури почна да расте, бидејќи негативните последици од неговото дејствување почнаа силно да се чувствуваат. Тоа прво се случи со “Брегзит”, каде што иако Сорос употреби голема сума да не успее референдумот, Британците гласаа за излез од ЕУ, бидејќи сметаа дека на тој начин се ограничува суверенитетот на државата, која не треба да спроведува политики од центар кој не го избрале бритнските гласачи. Потоа, со помош на голем број американски генерали и ФБИ од која излегоа мејловите на Хилари и Сорос, каде што е евидентно дека тој активно учествува во креирањето на американската надворешна политика, Трамп победи на изборите во САД. Оваа победа дојде и покрај тоа што Сорос употреби 25 милиони долари во кампањата на Хилари, што можеше да се види и од “Podesta leaks” мејловите на Џон Подеста, шефот на кампањата на Хилари, кој директно комуницирал со Сорос.
Колку е тој демократ може да се види од неговата колумна во која демократски избраниот председател на САД го нарекува шарлатан и потенцијален диктатор, иако се уште не ја презел  функцијата. Не е тајна ни дека тој директно ги организира протестите против Трамп по неговата победа за председателските избори, доведувајќи го во опасност и неговиот живот. Директно тоа го прави неговата невладина организација “Move.on.org”, која отворено повикува на протести преку социјалните мрежи.
По состанокот во Вашингтон во хотелот “Мандарин Ориентал” со своите соработници се договорија да се нанесе што е можно поголема штета пред доаѓањето на новата администрација, со цел да и ја отежнат состојбата во целиот свет и да ја принудат да продолжи со деструктивната политика. Засега тоа не им успева.
Тој планира повторно да се пресели во Лондон, каде што ќе се обиде да ја продолжи неговата замисла на друг начин. Не е свесен дека толку ги замрси работите што насекаде ќе доживее пораз. Се смета дека кризата на блискиот и средниот исток е направена со негово влијание. Има индиции дека тој соработува со Фетула Ѓулен и Саудиска Арабија, каде што наводно го подржува радикалниот исламизам, а за возврат од тие диктаторски режими и валкани пари обезбедува дополнителни средства за остварување на својата цел. До сега во операциите на исламска држава и другите радикални структури како што е Ал Нусра, против легално избраните влади на Сирија, вклучувајќи ги операциите за рушење на Садам Хусеин, Арапската пролет и Гадафи, како и воените дејствија во Афганистан загинале преку милион луѓе, што за Сорос е само бројка.
Негова е и замислата за бегалците и економските емигранти. Тој во весникот “Wall Street Journal” изјавува дека ќе даде 500 000 000 долари и им препорачува на сите да го следат неговиот пример. Со тоа тој сака полесно да ги контролира државите во ЕУ. Но сите тие дејствија го доведоа во прашање опстанокот на Европската унија. Терористичките напади кои се случија во западна Европа поради бранот на бегалци, ги радикализираа граѓаните да ги подржат десно ориентираните партии кои ќе се грижат за суверенитетот, безбедноста и традиционалните вредности. Доколку на наредните избори во Италија победи десницата, а потполно е извесно дека тоа ќе се случи во Франција, тоа може да доведе до референдуми за излез од ЕУ во тие земји. Не е сјајна и состојбата на Ангела Меркел која единствена ја подржува политиката на прием на бегалците.
Конечно состојбата со десоросоизација не е нешто ново во светот. Нејзе прв ја почна унгарскиот претседател Виктор Орбан. Одкако ги презема мерките за расчистување со невладините организациии платени од Сорос, состојбата во земјата е многу порелаксирана. Веќе реков дека Русија презема уште порадикални мерки. Тоа се на пат да го сторат и другите земји од вишеградската група, а особено Полска. За вакво расчистување се подготвува и Србија, каде што Сорос е присутен уште од времето на Југославија и се смета за главен виновник за нејзиниот распад. Во таа смисла веќе е најавена десорозација на Македонија од страна на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, поради тоа што има јасни докази дека тој се меша во внатрешните рабори на земјата преку своите платени пиони што се всушност целокупната декаденција во државата, но и преку центри на моќ во странство врз кои има влијание. Ако ги земеме во предвид фактите од овој текст ќе видиме дека во голем дел тој е замешан и во кризата од 2001 година, која се одвиваше на сличен начин, а главен лик беше Зоран Верушевски со своите УДБА-шки методи на прислушкување, како и сега. Ваквите постапки водат кон сериозни штети за државата, кои можат да ја дестабилизираат целосно, како и да ги нарушат меѓуетничките односи, кои се градат со години. Затоа, ако тој процес започне по составување на новата влада предводена од ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ, колку побрзо се десороизираме, толку подобро за Република Македонија.Не изненадуваат средбите на лидерите на политичките партии на Албанците од Mакедонија со Еди Рама кој е претседател на левоориентираната Социјалист

Пронајдете не на следниве мрежи: