Александар Попов за златната кариера во емисијата „Going for Gold“ на Еуроспорт

Вчера во емисијата „Going for Gold“ која се прикажуваше на Еуроспорт 1, едно од најголемите имиња во пливањето, Русинот Александар Попов беше гостин заедно со Сергеј Бубка и Надја Команечи.Четирикратниот олимпиец и шестократниот светски првак во ексклузивното интервју се осврна на најдобрите моменти од својата кариера.  Во триесет минутното интервју опиша како победувањето за него станало „рутина“ , како се носел со траумата по прободувањето со нож по победата на Европското првенство во 1997 и како успеал после сè да се врати на спортот.
Попов за финалето на Олимпијадата во Атланта во 1996 изјави дека психолошки му било многу лесно бидејќи знаел што треба да направи и бил сигурен во крајниот исход. Колку и да звучело арогантно, знаел дека ќе победи.
За неговата несреќа и избодувањето со нож три дена по успехот во Атланта, изјави дека верувал во докторите и сфатил дека единствен начин да се врати на нормалниот живот е враќање и на пливањето, кое и го сторил. 
Во оваа епизода покрај гостите ги проследивме и приказните за Софија Рига и Елоиз Лесор. Грчката спортистка, Софија Рига се квалификувала за маратонот на Олимписките игри во Рио, но нејзините припреми страдаат поради недостатокот од средства.
Французинката Елоиз Лесор пак, двократната европска победничка во скок во далечина и светски првак се појави во делот „Tech Talk“ каде направи увид во техниката за остварувањето на најдобриот можен „човечки лет“.Четирикратниот олимпиец и шестократниот светски првак во ексклузивното интервју се осврна на најдобрите моменти од својата кариера.  Во триесе

Пронајдете не на следниве мрежи: