Александар Протогеров – контроверзен лидер на ВМРО

На Денешен ден е роден Александар Николов Протогеров (23 февруари 1867 – 7 јуни 1928) политичар, генерал и раководител на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО).
Учествувал како доброволец во Српско-бугарската војна. Бил член на Македонскиот комитет, војвода …Александар Николов Протогеров 23 февруари 1867 – 7 јуни 1928  политичар, генерал и раководител на Внатрешната македонска револуционерна организација. Учествувал како доброволец во Српско-бугарската војна. Бил член на Македонскиот комитет, војвода во Горноџумајското и Илинденското востание. Бил резервен член на Централниот комитет на ВМОРО, претседател на Извршниот комитет на Македонските добротворни братства во Бугарија. Во Балканските војни бил член на Штабот на Македонско одринското ополчение, а во времето на бугарската окупација во Првата светска војна бил заменик началник на Македонската воено-инспекциска област, произведен во генерал-лајтнант на бугарската армија. Бил потписник на Мајскиот манифест. По расколот во ВМРО е убиен во Софија од михајловистите.
Александар Протогеров е роден на 23 февруари 1867 година во Охрид. Учи во Военото училиште во Софија и како питомец е доброволец во Српско-бугарската војна. Во 1887 година го завршува Военото училиште. Својата воена служба ја започнал во пешадијата. На 18 мај 1890 година станува поручник. На 2 август 1894 година бил назначен за капетан и служел како аѓутант во Прва бригада при петтата пешадиска дунавска дивизија. Служи во Русе, каде е раководител на Тајните офицерски братства и помошник на месното македонско-одринско друштво
Станува член на Врховниот македонско-одрински комитет. Во 1902 година учествува во Горноџумајското востание. Од 1 јануари 1903 година капетан Протогеров привремено преминува во резервните офицери. Раководел чета во Малешевско, Петричко, Поројско и др. На чело на голема и добро вооружена чета, наменета за охридскиот крај, меѓу 12-14 април 1903 година води тежок бој со бројни турска војска во близина на границата крај Габрово, каде што е ранет и се враќа во Бугарија.
На 5 август 1903 година на негова иницијатива во Софија 14 бегалски македонски братства ја основале Врховната емигрантска комисија на чело со Александар Протогеров, потпредседател Лазар Лазаров, секретари Ефтим Спространов, Георги Разлогов и советник Владимир Руменов, на местото на распуштениот во јануари Врховен комитет.
Во 1904 – 1905 година е повторно во армијата. Од пролетта 1905 до есента 1906 година организира четите во Серскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација и води борби со Турците и санданистите. По барање на Внатрешната организација, врховистите ги прекинуваат своите активности во Македонија, по што Протогеров се враќа на служба во армијата со чин мајор.
Во 1911 станува полковник и е избран за резервен член на Централниот комитет на ВМОРО, а по убиството на Христо Чернопеев во 1915 година е редовен член на ЦК.
Со објавувањето на мобилизацијата во 1912 година е назначен за началник на Генералштабот на партизанските одреди за акција во тилот на турската армија, за што организира околу 60 чети. Подоцна овој штаб е конвертиран во команда на Македонско-одринското ополчение со командант генералот од резерва Никола Генев. Протогеров како прв негов заменик и командант на Трета ополченска бригада во Првата балканска војна, учествува во заробувањето на корпусот на Јавер паша. Награден е со орден “За храброст” IV и III степен.
По избувнувањето на Првата светска војна (1915-1918) Протогеров заедно со Тодор Александров активно работи за влегување на Бугарија на страната на Централните сили. Протогеров активно учествува во формирањето на 11-та пешадиска македонска дивизија и станува командант на нејзината Трета пешадиска бригада. Учествува во борбите во Криволак, Градец и Богданци. Во 1916 година учествува во формирањето на Планинската дивизија и станува нејзин командант, а подоцна е командант на Моравско воено-инспекциската област и началник на бугарските војски во Моравско, (Источна Србија). Во 1918 година е командант на Софија и го раководи задушувањето на Владејското востание. Назначен е за директор на Дирекцијата за деловни грижи и општествена предвидливост, која е прв обид за државно планирање во услови на војна.
По војните учествува на основачкиот собир на македонските бегалски братства. Се залагал за присоединување на Македонија кон Бугарија и испраќаат меморандуми до големите сили, со што доаѓа во судир со Привремено претставништво на поранешната ВМОРО. Во почетокот на 1919 година со окружно е објавено основањето на Внатрешната македонска револуционерна организација и се вклучува во раководството на организацијата во ЦК со Тодор Александров и Петар Чаулев, како одговорен за четничката дејност во внатрешноста на Македонија. Во април 1920 година Протогеров последователно ги посетувал Австрија, Унгарија, Албанија, каде договара поддршка и заеднички активности против Југославија.
Александар Протогеров и Петар Чаулев не ги oдобруваат активностите на Тодор Александров за време на Септемвриското востание од 1923 година и интервенцијата на ВМРО во внатрешната политика на Царството Бугарија. Во 1924 година генерал Протогеров заедно со Чаулев и Александров, присуствува на преговори со Коминтерната во Виена. Протогеров и Чаулев го потпишуваат Мајскиот манифест за соработка со комунистичките партии на Балканот, за што двајцата се овластени од Александров. Само три месеци потоа, заедно со Александров, го повлекува потписот од Манифестот, за разлика од Чаулев. Можно е да постоеле недоразбирања помеѓу Протогеров и Александров, а првиот учествувал на Струмичкиот окружен конгрес заедно со Георги Атанасов и Алеко Василев, чиј односи со Тодор Александров одамна биле затегнати. Сепак, двајцата заминуваат за Пирин планина каде што треба да се одржи конгрес на Серскиот револуционерен округ, но во меѓувреме Тодор Александров е убиен на 31 август 1924 година.
Иако е член на ЦК на ВМРО, по убиството на Александров, Протогеров постепено го губи своето влијание во ВМРО. Блиски на Михајлов го принудиле Протогеров да се повлече од активна дејност и да емигрира. Без финансиски средства генералот се преселил во Виена.
Таму тој се поврзува со полномошник на унгарската влада и успева да добие финансиски средства за Организацијата. Протогеров се враќа во Софија, каде што по идеја на членовите на Задграничното претставништво решава да се врати на активна организациска дејност. Така фактички почнува да се формира ново крило во Организацијата наречена протогеровисти.
Во почетокот на 1925 година се свикува конгресот на ВМРО во Србиново на кој приврзаниците на Иван Михајлов прават неуспешен обид да неутрализираат крилото на Александар Протогеров, кој според нив останува еден од поттикнувачи за убиството на Тодор Александров. Сепак, за членови на ЦК се избрани Александар Протогеров, Георги Поп Христов и Иван Михајлов. Александар Протогеров го презема раководството на Солунскиот, Струмичкиот и Серскиот округ на ВМРО, но всушност иницијативата во сите раководни активности ги презема Иван Михајлов, поради што односите меѓу Александар Протогеров и Георги Поп Христов од една страна и Иван Михајлов од друга, се затегнуваат.
Во меѓувреме, Иван Михајлов започнува со распуштање на четничкиот институт и наметнување на терористички методи, на кои Александар Протогеров се противи. Во 1925 година Михајлов испраќа наредба до пограничните пунктови на ВМРО да не влегуваат чети поголеми од 10-15 лица, што е отфрлена веднаш потоа во писмо на Протогеров до истите премини, поддржан од војводите Панчо Михајлов и Иван Брло кои пак наскоро потоа се убиени по наредба на Михајлов. Во 1925 година Протогеров започнува изградбата на разузнавачката организација на ВМРО, која во 1926 година веќе е факт.
Во почетокот на јуни 1926 година Протогеров презема обиколка со ревизорска чета во Македонија. Идејата е да ги обиколи сите револуционерни окрузи, но тешко се разболел и на крајот на месецот е принуден да се врати во Бугарија. Поради лошата состојба постепено Протогеров ја намалува својата револуционерната дејност, а во 1927-1928 година практично се наметнува тактиката на Михајлов за дејствување на тројки и петорки кои вршат голем број напади во Југославија и Грција.
Во 1928 година оваа нова тактика довела до остар внатрешен конфликт, а тензиите меѓу Михајлов и Протогеров растеле. Во таква ситуација започнал подготовката на Седмиот конгрес во Крупник во јули 1928 година. Во оваа ситуација Михајлов и неговите приврзаници се соочиле со изолација. Постоела можност, другите двајца членови на ЦК – Протогеров и Георги Поп Христов, поддржани од целото ЗП во состав Кирил Прличев, Георги Баждаров и Наум Томалевски, да свикаат конгресот без нив.
Во оваа ситуација пред почетокот на конгресот, по наредба на Иван Михајлов, Александар Протоѓеров е убиен. На чело на акцијата е Кирил Дрангов, а како официјален мотив за убиството се истакнуваа наводното учество на генералот во убиството на Тодор Александров.
По прашањата за автономија и независност на Македонија, одговара на д-р Христо Татарчев: „Македонското прашање е бугарско прашање, затоа што Македонија во нејзиниот голем дел е населена со Бугари и јас сум од тие Бугари.” 
 

Александар Николов Протогеров 23 февруари 1867 – 7 јуни 1928  политичар, генерал и раков

Пронајдете не на следниве мрежи: