Да расчистиме! ЕУ и Амбасадата на САД, која сè уште е под диктат на Обама и на Клинтон, ќе го легитимираат противуставното избирање на Талат Џафери за претседател на Собранието. Ќе ја легитимираат и Владата на поразената на избори политичка партија, која коалицира со малцински партии со платформа од туѓа држава. Ќе го легитимираат рушењето на суверенитетот и унитарноста на Република Македонија, пишува во својата колумна Александар Русјаков, за Нова Македонија.Да расчистиме! И во 1941 година, меѓународната фашистичка оска ги легитимира квислиншките влади. И тогаш Македонците, кои немаа своја држава, беа голораки, сиромашни, измачени од децениски тортури на разни окупатори. Но, полека се организираа и ја возобновија „Подземната република“ на Дамјан Груев кревајќи антифашистичко востание, па ја ослободија Македонија без ничија помош однадвор, иако други антифашистички држави како Британија, не се радуваа на новосоздадената македонска држава. И тогаш голем дел од македонскиот народ беше исплашен и си седеше дома, и тогаш многу „Македонци“ соработуваа со фашистичкиот окупатор, затоа што во него гледаа моќна меѓународна заедница.
Да расчистиме! Во четвртокот попладне, пред да биде изведен државниот удар во Собранието од страна на поразената на избори политичка партија, која коалицира со малцински партии со платформа од туѓа држава, од собраниска говорница се пееше химна на туѓа држава.Тоа е чин на агресија, без разлика дали се пее албанска или шведска химна и означува само едно… окупација на суверенитет и територија. А бидејќи институциите на Република Македонија не реагираа, мора да расчистиме, државата веќе не постои. Ќе влеземе во процес на легитимирање квислиншка влада поддржана од неонацистичка меѓународна заедница, која веќе со години, чекор по чекор, преку војни, окупации, преврати, државни удари и специјални војни го окупира светот за приграбување материјални добра.
Да расчистиме! Македонците во својот генетски код го носат вековното знаење за тоа како е да се биде окупиран, малтретиран, делен, силуван, непризнат, уништуван. Македонците знаат како е да се нема држава и како повторно да почнат да се борат за неа. Да, Македонците знаат да молчат и трпеливо да ја градат мрежата за сопствено ослободување. Историјата докажува дека секогаш сме биле на вистинската страна (освен денес кога заедно со белосветските психопати ги окупираме Ирак и Авганистан), дека секогаш сме биле кошмар за окупаторите и за меѓународните моќници. Ние, Македонците, ја тресевме Отоманската Империја, го кренавме во воздух Солун сосе европскиот капитал, направивме држава во држава среде Бугарија, ја обучувавме ИРА во нејзините револуционерни почетоци, бевме меѓу најопасните анархисти и терористи, ние Македонците ги ликвидиравме бугарскиот премиер, грчкиот престолонаследник и српскиот крал како одговор на нивните брутални пропаганди, ние Македонците, сиромашни и речиси невооружени, ги истеравме фашистите. Зошто моќните белосветски битанги претставени преку бирократско-лобистичките шрафчиња како Бејли, Гарет, Могерини и Хан си мислат дека Македонците го заборавиле сето ова?Да расчистиме! Македонската голгота не започнува со Заев, Груевски, Ахмети, Села, Фрчковски, Богоевски, Бејли, Гарет или со Хан. Не е започната ни со Сорос, шарени револуции, неспособни вмроовци и лудаци од амбасади. Печатот за укинување на Македонија и Македонците е удрен во 1913 година и оттогаш тој печат ни виси над постоењето. Откако македонските територии се разделени на Србија, Бугарија, Грција, Албанија и еден дел што припаѓа на денешно Косово (планината Гора), разделени со амин на светските сили затоа што за нив се тоа само сфери на влијание и територии за експлоатирање, не е престанато со терор врз Македонците спонзориран од центрите на моќ. Нивна цел е да нè избришат од постоењето, географијата и од историјата за да не ги потсетуваме во иднината колку се нецивилизирани и обесчовечени.
Да расчистиме! „Демократите“ од САД и лицемерната ЕУ не се наши пријатели. Напротив. По прогласувањето на македонската држава, ЕУ преку Лисабонска декларација го оспори нашето постоење. Центрите на моќ ги ставија македонското име и идентитет како безбедносен проблем во Советот за безбедност на ОН. Во Македонија беше инсталиран Џорџ Сорос, истурениот играч на Ротшилд, Рокфелер и на ЦИА. Нашите балкански соседи беа поддржани од истите тие центри во нивното негирање на македонското постоење. Грција, која не го признава идентитетот, Бугарија, која не ги признава народот и јазикот, Србија, која не ја признава црквата, Албанија, која не ја признава територијата и сака да ја освои, не би биле така гласни и осоколени да ја немаат целосната поддршка од тие центри.
Да расчистиме! За сето ова горенапишаното да им успее, мораат во Македонија да имаат свои одработувачи, свои квислинзи. СДСМ освен во 2002 година, по бруталната, холивудски исценирана војна, никогаш не победил на демократски избори, никогаш не добил легитимитет од мнозинството да владеат со државата. Од првите парламентарни избори, па сѐ до последниве, кои ете, можат да бидат навистина последни.Тие, СДСМ (порано СКМ ПДП), за оние со кратко паметење, воопшто и не сакаа независна македонска држава. И секогаш се на спротивната страна од волјата на мнозинството Македонци. Седумдесет проценти (другите 30 проценти одат на душа на ВМРО-ДПМНЕ) од антидржавните удари против Македонија, одат на совеста на потомците на црвената буржоазија. ОД ФИРОМ, преку промена на знамето и транзицискиот грабеж, па сѐ до соросоусаидскава војна против Македонија во која повторно се на погрешна страна. И тоа може ќе го избришат од својата меморија и од меморијата на нивните најблиски, ама не и од историјата.
Да расчистиме! Македонија и македонскиот идентитет во периодов што следува може и да бидат привремено избришани од мапата на постоењето, може државата ќе биде идентитетска прекроена до непрепознавање, но тоа не значи дека ќе исчезнат Македонците и нивниот вековен сон за своја самостојна, македонска држава. А тие, како што веќе напоменав, знаат тивко и трпеливо да се организираат и да станат кошмар за оние што ги газат. А Македонци има и тука, и во САД, Италија, Австрија, Британија…
П.С. Се чудам, колкаво количество терор од центрите на моќ врз мојата татковина, а јас сè уште немам омраза во срцето. А тие упорно се трудат тоа чувство да ми го всадат в срце.Да расчистиме! И во 1941 година, меѓународната фашистичка оска ги легитимира квислиншките влади. И тогаш Македонците, кои немаа своја држава, беа г