Пратеникот Александар Сиди од партијата „Обединети патриоти“ која што е коалиционен партнер на ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, се надева дека договорот за пријателство меѓу Бугарија и Македонија ќе биде потпишан на втори август.
Според овој пратеник во бугарското собрание, постојат сили кои што работат на тоа договорот меѓу двете земји да не се случи.
За него и за неговата партија нема дилеми дека дговорот ќе постави основа за добрососедство и пријателство меѓу „еден народ кој живее во две различни држави“.
Сиди тврди дека некој сака да го спречи договорот и со својата изјава предизвикува дополнителни тензии. За него двете земји имаат заедничка иднина во ЕУ.
Сиди е претставник на партијата која што премиерот Заев во Софија го дочека со банер на кој пишуваше „Добредојде дома“.
Пратеникот Александар Сиди од партијата „Обединети патриоти“ која што е коалиционен партнер на ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов, с