Александра Алекс Грујиќ – Колумна: Дијамант во преубава миризлива свеќа!

Дојдете со мене на едно фантастично модно патување, ќе ве воведам во многу интересни модни приказни, случувања и совети. Денешната тема за која ќе разговараме е дијамантот во преубава миризлива свеќа.Од оваа колумна која ја водам „fashion, beauty & lifestyle“ денес ќе ви претставам една новост од „lifestyle“ светот. Всушност на пазарот се појавија преубави миризливи свеќи кои во себе кријат ниту помалку ниту повеќе, туку дијамант.
Станува збор за брендот Diamond Candles кој на многу интересен начин се диференцираше од конкуренцијата на пазарот. Покрај многуте убави мириси, интересно е и тоа што, по користењето на свеќичката, кога таа во целост ќе се стопи ве очекува изненадување. – дијамантски прстен кој цело време се криел во свеќичката. Признајте, ова е многу интересно и необично.

Мирисите се поделени во следните категории:
– Цветни (Содржи мириси како: лаванда, орхидеја, палисандра итн.)
– Овошни (јаболко, јагода, манго, лимон итн)
– Храна (карамела, портокал и ванила, чоколадо, крем од ванила, арома од прочуените американски „Cupcake“ колачиња итн.)
– Освежителни (разни освежителни мириси)
– Тропико (кокос, океанска магла, плава лагуна и уште многу тропски мириси).
Општо е познато дека пријатните мириси делуваат на психата на човекот, како и дека дијамантите се најдобри пријатели на жената, па затоа овие свеќички се идеални.
Ќе го направат вашиот дом по топол, пријатен и миризлив, а на крајот ќе се израдувате со дијамантски прстен.
Ова беше навистина интересна вест од „lifestyle“ светот.Од оваа колумна која ја водам „fashion, beauty & lifestyle“ денес ќе ви претставам една новост од &bdq

Пронајдете не на следниве мрежи: