Дојдете со мене на едно фантастично модно патувањ. Ќе ве воведам во една многу интересна модна приказна, случувања и совети. Денешната тема за која ќе ви говорам се EOS балсамите за усни.
Станаа светски хит. Ги прават вашите усни меки и нежни Прекрасни се нивните мириси и вкусови (ммм). Тоа се EOS балсамите за усни.
EOS е американска козметичка компанија со фантастична палета на производи за нега на телото. Креми за депилација со различни мириси и наменети за различни типови на кожа., совршени се за депилација и пријатни се за вашата кожа.
Лосиони за тело и креми за раце, исто така со различни состави и мириси, ќе ја направи вашата кожа нежна и миризлива.
Сите производи се подеднакво добри и квалитетни. Меѓутоа ќе ви го претставам најновиот светски хит – балсамите за усни чија амбалажа е многу интересна бидејќи потсетува на обликот на јајцето.
Овие производи содржат 95% органски состојки. Не содржат парабен, нафтени деривати, парафин ниту пак било какво друго минерално масло. EOS балсамите се познати по тоа што имаат природен состав и не содржат глутен или пак други штетни материи. Тие содржат витамин Е, шеа путер со изразен хидратантен ефект од масло од јојоба., кокос и маслиново масло. EOS балсамите ги негуваат усните, ги прават меки, здрави и убави.
Како некој што студира менаџмент и има искуство со маркетинг, можам слободно да кажам дека EOS компанијата направила совршен деловен потег со диференцијацијата на своите производи од конкуренцијата. Како прво за разлика од многу балсами за усни на пазарот, ЕОЅ балсамите се базирани на природни состојки. Како второ, амбалажата е многу интересна и необична. Овие прекрасни балсами за усни спакувани се во симпатични кутии чиј облик потсетува на јајце и е од 7мл. Дека диференцирањето на производот е успешен деловен потег ЕОЅ компанијата, тоа го потврди со популарноста која ја има овој производ во светот. Многу светски познати личности се сликале за ЕОЅ балсамите за усни и сите ги препорачуваат.
Без разлика на тоа дали одредени производи ги фаворизирате или користите често, секогаш е интересно да пробате и некој нов производ кој се појавил на пазарот. Ви предложувам да ги пробате ЕОЅ балсамите за усни и сигурно нема да се покаете.