Александра Алекс Грујиќ- Колумна: Нега на косата!

Дојдете со мене на фантастично модно патување. Ќе ве воведам во многу интересни приказни, случувања и совети. Денешната тема за која ќе ви зборувам е како да ја негувате вашата коса.Убава и негувана коса е еден од украсите на секоја жена. Па затоа е нужно да ја негувате вашата коса.
Брендовите  како што се  Gliss Kur, Garnier, L’oreal, Syoss и  Nivea имаат фантастични производи за нега на сите типови коса. Покрај овие брендови, постои и низа на други кои се луксузни и чии производи се неспоредливо скапи од овие кои ги наведов. Токму поради тоа ќе зборувам за производите од горе наведените брендови, затоа што нивната цена дозволува секој да може да ги купи на Балканот. Производите како што се шампоните, регенераторите, маските и кристалите се одлични за нега на вашата коса. Во зависност од типот на вашата коса, изберете производ кој е идеален за вас. Препорачувам тоа да бидат производи од горе наведените брендови. Советувам и да пробате производи од различни брендови па да утврдите кои најмногу ви одговараат. Користете ги наизменично. Имено. Производите од еден бренд користете ги во периодот од еден месец или евентуално два. Па пота заменете ги со производ од друг бренд и користете ги ист временски период. Интересен е фактот дека косата реагира исто како телото.Доколку имате ритуал од вежби кои го повторувате, вашето тело се адаптира на тие вежби. На тој начин тоа веќе нема да чувствува отпор и резултатите од вежбите ќе бидат намалени. Истото важи и за вашата коса. Доколку ви одговараат производи оф различни бренодови, користете ги наизменично за да ефектот биде константен. Притоа косата нема да се засити од едниот вид производ и на тој начин нема да го намали ефектот на негувањето.
Косата може да ја негувате и со маски кои самите ќе ги направите. Ќе ви претставам одлични маски за коса, за различни типови на коса, а за чие подготвување се потребни намиирници кои сигурно ги имате во вашиот ладилник.
Банана
Бананата е одлична за косата затоа што е богата со витамин Б, калиум и витамин А. Поради својот состав, бананата го враќа сјајот и еластичноста на косата. Со виљушка истискајте една банана, додадете 2 лажици млеко, 2 лажици маслиново масло и 2 лажици мед. Сето тоа матете го за да добиете кашеста смеса и нанесете го на косата. Оставете да делува 20 минути а потоа измијте ја косата.
Лимон
Лимоновиот сок е најпознат природен лек за масна коса, а се користи како главна состојка на многу природни маски. Една од нив е смеса за која ви е потребно: 2 лажици свеж сок од лимон, 1 жолчка и 1 лажичка мед. Таа смеса нанесете ја на сува коса. Држете ја 20 минути, па исплакнете со топла вода, па косата измијте ја со шампон и регенератор.
Краставица
Сезоната на летото со себе носи и капење во базен. Хлорот секако остава последици на вашата коса. За да ја регенерирате косата пробајте со следнава маска: 1 јајце, малку маслиново масло и една излупена и ситно исецкана краставица. Смесата нанесете ја на коса, држете 20 минути и исплакнете.
Авокадо и ѓумбир
Авокадото е одлично за вашата коса затоа што во себе ги содржи сите есенцијални масти и антиоксиданси. Доколку се користи во исхраната, помага во апсорцијата на хранливите материи од храната. За подготовка на маска за сува и оштетена коса потребно ви е едно авокадо, лажичка бадемово масло, два лажички маслиново масло и малку ѓумбир.
Јајца
Доколку се одлучите косата да ја нахраните и да ја освежите со јајца, потребни ви се: две жолчи, лажичка маслиново масло и половина лажичка мед. Промешајте ги наведените состојки и нанесете ги на косата. Маската држете ја на главата 20 минути а потоа добро исплакнете.
Ораси
Орасите се одличен извор на цинк, а содржат и омега-3 масни киселини, кој можат благотворно да делуваат на вашата коса. За подготовка на маската потребно е орасите да ги исчистите, измелете и помешате во топло млеко. Смесата нанесете ја на кожата и држете 20 минути. Потоа исплакнете. Убава и негувана коса е еден од украсите на секоја жена. Па затоа е нужно да ја негувате вашата коса.
Брендовите  како што се  Gl

Пронајдете не на следниве мрежи: