Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна модна приказна, случувања и совети. Денешната тема за која ќе ви говорам, е новиот асортиман на козметички производи за зимска нега која за Божиќ ни ја носи брендот The body shop.The body shop е козметичка компанија со преку 2000 продавници во повеќе од 50 земји која ја основала Анита Родерик.
Седиштето на компанијата се наоѓа во Англијапоточно во Литлхамптон. The body shop се залага за човечките права, правата на екологијата и заштита на животните. Со тоа е многу ценета и почитувана. Покрај овие права поради која е почитувана компанијата, уште повеќе е почитувана поради исклучително квалитетните и убави козметички производи кои ги прави на природна база.
Познато е дека добро познати брендови, без оглед на она со што се занимаваат создаваат сезонски и празнични производи, правоат пакети и ги украсуваат просториите за продажба во духот на претстојните празници.
Јас овој пат ви ја претставувам божиќната колекција од козметиката за зимска нега од брендот The body shop. Меѓу другото, морам да напоменам дека ги користам овие производи кои се многу убави и квалитетни.
Оваа година како главни мириси на бижиќната колекција од овој бренд, најзастапени се: брусница, ѓумбир и ванила.
Млека за тело, пилинзи, гелови за туширање, сапуни, креми за рацеи други производи од овој бренд поделени се во 3 лимитирани зимски колекции: Cranberry Joy, Ginger Sparkle i Vanilla Bliss.
Со оглед на тоа дека станува збор за колекција на зимска нега на телото и дека поводот за креирање на истата е Божиќ, доминираат заштитните мириси на домашните колачи и други слични десерти.The body shop е козметичка компанија со преку 2000 продавници во повеќе од 50 земји која ја основала Анита Родерик.
Седиштето на компанијат