Тргнете со мене на едно фантастично модно патување. Дознајте ги доста интересните модни приказни, совети и додатоци Денес ќе ви ја покажам тајната на тоа како да имате прекрасни трепки.
Ќе ви откријам неколку трикови за нега и убавина на вашите трепки:
1. Нега на трепките
Пред, се мили мои дами, треба да водите сметка на нега на своите трепки. Додека ја отстранувате шминката од вашето лице, обрнете посебно внимание на трепките. Користите посебни натопени памучиња со средство за отстранување шминка за брзо и лесно да ја го отстраните остатокот од шминката од вашите трепки. Пред да си легнете би било добро да ги премачкате трепките со маслиново масло. На тој начин ќе ги потхраните трепките и ќе им дадете свежина, а со тоа ќе ги направите цврсти, здрави и густи.
2. Маскара
Правилното нанесување на маскарата е доста важно. Некои жени не знаат како да ја ставаат маскарата правилно, па поради тоа нивните трепки не изгледаат убаво и гламурозно. Два до три слоја маскара се сосема доволно за вашите трепки да изгледаат прекрасно. Тајната во убавите густи и големи трепки е што на почетокот почнувате од коренот на трепките да ги премачкате со маскарата се до врвот. Исто така, покрај од доле нагоре, движете ја четката од лево кон десно и обратно. Една од најважните работи е и да го почитувате рокот на траење на маскарата. Доколку е истечена таа може да биде штетна за вашите трпки и за самите очи. Покрај тоа е важно да одберете квалитетна маскара ако сакате да имате густи и убави трепки.
3. Вештачки трепки
Доста е интересна приказната за вештачките трепки. Тие се создадени скоро пред еден век. Прва која ги употребила вештачките трепки е актерката Сина Овен која во 1916-та годиа за прв пат употребила вештачки трепки на снимање на еден филм. Од тогаш вештачките трепки се одличен детал посебно во филмовите и на модните писти. Квалитетот и самиот изглед на вештачките трепки се менувало со текот на годините. Се повеќе се усовршувал нивниот изглед за денес да има разни видови на вештачки трепки за секакви очи и за секаков стил.
Во текот на нанесувањето на вештачките трепки, морате да ја одредите точната и нопходната количина на лепак. Не смее да им премногу, за да не се разлее, а ни премалку затоа што ќе имате порблем со лепењето. Кога вештачките трепки ќе ги извадите од кутијата, на страната која е до капакот нанесете тенок слој на лепак. Кога ќе завршите во целост со едната преминете на другата. Водете сметка во текот на лепењето да не оставите празен простор помеѓу очниот капак и трепките, затоа што тоа предизвикува проблем и може лесно да ви се одлепат трепките.
Применете ги овие совети и ќе видите како вашите трепки ќе изгледаат поубаво и негувано. Уживајте во екпериментирањето со боите на маскарата, но никако не смеете да заборавите на негата на трепките.
Автор. Александра Алекс Грујиќ Денес ќе ви ја покажам тајната на тоа како да имате прекрасни трепки.
Ќе ви откријам неколку трикови за нега и убавина на вашите треп