Александра Алекс Грујиќ- Колумна: Вежби за убав и рамен стомак

Дојдете со мене на фантастично модно патување. Ќе ве воведам во многу интересни приказни, случувања и совети. Денешната тема за која ќе ви зборувам е кои вежби ќе го направат вашиот стомак убав и рамен.Утринска гимнастика
Започнете го денот вежбајќи. Правете вежби за загревање, потоа за обликување и на крај вежби за истегнување. Кога станува збора за вежбите за обликување на телото, посветете посебно внимание на стомачните мускули, задникот и нозете. Јаките стомачни мускули не само што ќе ви го зацврстат телото, туку ќе делуваат како внатрешен корсет и ќе ви помогнат да добиете убаво обликувана половина.
Доручек
И доручекот допринесува до подобри стомачни мускули. Вашиот прв оброк ќе го забрза метаболизмот и ќе го поттикне согорувањето на мастите.  Здравиот појадок ќе ве спречи од лоши навики како на пример да изедете нешто благо и нездраво во претпладневните часови. Ако имате чувство на подуеност, причината може да лежи во млечните производи. Затоа избегнувајте ги. Наместо нив, изедете овесна каша, мафин со бадеми и брусница, палачинки со цимет.
Намирници кои треба да ги избегнувате
Кога го планирате својот оброк, стојте подалеку од храна која може да ве подуе како што е мрсната и солена храна, газирани сокови или некој вид на овошје и зеленчук. Наместо тоа, одберете храна која го намалува обемот на стомакот како краставица и овесни снегулки.
Помалку калории
Исхраната прилагодете ја да не ви недостига енергија, а да не претерате со калориите. Одберете намирници кои ќе ве заштитат, а нема да се прејадете ниту да венсете непотребни калории во организмот. Воведете во својата исхрана јаткасти плодови, овесна каша, јаболки, лиснат зеленчук како блитва и спанаќ, семки, јајца, јогурт, вода, лосос, лимон, супа…
Кардио состав
Било кој облик на физичка активност е добар и препорачлив. Вежбите со висок интензитет најбрзо ги согоруваат калориите и имаат најдобар ефект. Особено кога се спроведуваат во редовни интервали. Затоа во својот вообичаен кардио тренинг додадете го и оној со висок интензитет. Значи подесете ја брзината на траките за трчање, па обидете се 45 минути да извршите тренинг со висок интензитет. Секако, тоа зависи од вашата физичка кондиција. Oсновни стомачни вежби
Има многу вежби за стомак. Сепак, класичните вежби се многу ефикасни, па затоа е многу важно да ги применувате. Најважно е движењата да ги правите полека.
-Легнете на грб, нозете свиткајте го во колениците, стапалата рамно на подот, а рацете ставете ги покрај ушите. Свиткајте ги рамената напред, а долниот дел од грбот останува на подот. Затегнете ги стомачните мускули, издишете додека се подигнувате, а вдишете додека се спуштате. Секое повторување треба да одземе околу четири до пет секунди. Правете два сета од 10-15 повторувања.
Интересни стомачни вежби
1.Легнете странично на под, потпирајќи се на лактот. Нозете нека бидат споени и подигнете ги колковите од подот 30 до 40 секунди. Повторете ја оваа вежба неколку пати.
2.Легнете на грб со свиткани колена и стапалата потполно потпрени на подот. Рацете ставете ги позади главата, па подигнете ја главата, вратот и плешките, а притоа користејќи ги стомачните мускули подигнете го телото додека со челото не бидете блиску до колената. Застанете две секунди, а потоа полека вратете се во почетната позиција. Повторете барем 10 пати.
3.Легнете на грб со рацете поставени на подот до телото. Подигнете го телото додека не ги одвоите плешките од подот и останете во таа положба до 10 секунди. Потоа одморете 5 секунди и повторете ја вежбата 10 пати. Откако сте ја направиле оваа вежва со испружеби нозе, повторете ја но овој пат со свиткани колена.
4. Правете комбинација на стомачни вежби. Имено, комбинацијата се состои од 5 видови на вежби за стомачни мускули.
Прва: легнете на подот, свиткајте ги лактите и ставете ги зад главата. Нозете нека бидат целосно испружени. Подигнете го телото додека не ги одвоите плешките од подот. Повторете 20 пати.
Втора: свиткајте ги нозете и повторете ја вежбата исто така 20 пати.
Трета: спојте ги нозете и подигнете ги во вис, така да помеѓу вашиот труп и нозе има растојание од 90 степени. Подигнувајте го телото 20 пати.
Четврта: оваа вежба е многу слична на претходната. Имено, положбата на телото е иста само што во оваа вежба нозете не се споени туки се максимално раширени. Вежбите за подигнување на трупот правете ги 20 пати.
Петта: на крајот завртете се, легнете на стомак и направете 20 грбни стомачни.
Правејќи ја оваа интересна комбинација на вежби, неприметно ќе направите 100 стомачни повторувања.
Трикови за убави стомачни мускули
Една од најголемите грешки на луѓето кога прават стомачни вежби е што ја спуштаат главата. Тоа го оптеретува вратот и го поместува фокусот на вашите стомачни. Затоа, додека вежбате не ја спуштајте главата. Лактите нека бидат свиткани и ставете ги зад главата. Не дозволувајте да ги виткате рацете на начин што лактите го допираат в ашето лице. На тој начин го оптеретувате вратот и половината.
Вежбајте со вовлекување на стомакот. Ефектот е двоен: кога ќе го вовлечете стомакот, автоматски изгледате повитки. Меѓутоа, тоа не е се! Повторете го ова повеќе пати дневно, трудејќи се да останете во таа положба неколку секунди. Така ќе ги зајакнете стомачните мускули.
Јадете интегрален леб. Научно е докажано дека луѓето кои повеќе јадат интегрални житарки имаат помалку масни наслаги. Интегралните житарици создаваат чувство на ситост затоа што подолго се варат од преработените житарки. Никогаш не вечерајте барем три часа пред да си легнете. Не јадете слатки и грицки. Газираните пијалоци и зашеќерените овошни сокови се забранети. 
Текстот го напиша: Александра Алекс Грујиќ Утринска гимнастика
Започнете го денот вежбајќи. Правете вежби за загревање, потоа за обликување и на крај вежби за истегн

Пронајдете не на следниве мрежи: