Продолжува „бејби бумот“ на српската естрада.Една од најпопуларните пејачки на „Гранд“, Александра Пријовиќ и нејзиното момче, Филип Живојиновиќ чекаат бебе, пишуваат медиумите. Фолкерката се доверила на пријателите дека се сомнева дека е бремена заради изразените симптоми што ги има веќе две недели.
Снајката на Брена и на Боба чувствува промени во организмот што укажуваат на блажена состојба, а причина повеќе да се посомнева во тоа е што во изминатите три месеци работеле токму на станување родители.
„Циклусот на Александра и доцни веќе месец ипол, а тоа претходно не се случуваше. Засилен и е апетитот и веќе речиси и да не бира што јаде, ниту пак во кое време од денот јаде. Ни кажа дека чувствува дека е бремена. Во последно време се жали на замор и мачнина. Вели дека Филип е пресреќен, а таа го смирува бидејќи прво мора да оди на преглед“, изјави изворот за медиумите и додаде дека Пријовиќ често го менува расположението.
И Александра е изненадена:
„Ме фативте неподготвена! Ве молам, немојте се уште ништо да објавувате. Рано е да зборувам за тоа, чекам да се вратам од пат и да одам на преглед. Не е време за таа тема додека не проверам се“, изјави Пријовиќ.
Нејзиното момче не беше расположено да зборува на темата:
„Не коментирам за детали од приватниот живот, а посебно не такви работи. Не морате веднаш да знаете баш се. Се извинувам, но морам да прекинам“, изјави синот на Боба Живојиновиќ за медиумите.Една од најпопуларните пејачки на „Гранд“, Александра Пријовиќ и нејзиното момче, Филип Живојиновиќ чекаат бебе, пишуваат медиумите. Фо