Спрската пејачка Александра Пријовиќ одговори на острата порака која Јелена Карлеуша ѝ ја упатила!„Ќе ја уважиш селанката Прија (поради Брена), ќе ѝ напишеш добар совет, а таа тоа го брише и повторно објавува фотографија со алка на ногата. Што е рурално педигре“, објавила ЈК на својот Твитер профил.
Но, доколку очекувавте дека Пријовиќ ќе каже нешто непримерно или безобразно, се лажете.
Александра ѝ вратила, но со крајно пристоен коментар.
„Ја почитувам секоја колешка и на сите им посакувам среќни празници и се најдобро во новата година“, напишала Пријовиќ.
Да потсетиме, конфликтот помеѓу овие две пејачки започна на 2 јануари кога Александра се фотографирала со Цеца Ражнатовиќ што ја поттикнало Карлеуша да ѝ остави брутален коментар на Пријовиќ.
„Драга Александра, многу си ми драга и слатка. И затоа сега ќе ти го напишам ова. Немој никогаш повеќе да се сликаш со оваа жена која е осуден криминалец и жена на воен злосторник, чии најдобри пријатели и кумот го киднапираа братот на твоето момче Филип, Стефан, за кого е платен милионски откуп. Тебе овој полсвет не ти е потребен. Среќна нова година и продолжи да блескаш“, ѝ напишала Јелена.
Александра потоа одлучила да ја избрише таа фотографија со сите коментари, а потоа поввторно ја објавила истата фотографија со коментар дека на својот профил сака да види исклучиво позитивна енергија.„Ќе ја уважиш селанката Прија (поради Брена), ќе ѝ напишеш добар совет, а таа тоа го брише и повторно објавува фотографија