Алексис Ципрас поднесе оставка: Следуваат 5 сценарија со кои Грција ќе мора да се соочи!

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, денес објави дека поднесува оставка поради што во Грција ќе се одржат предвремени избори на 20 септември, пренесе АФП.„Чувствувам морална и политичка одговорност да му се препуштам на вашиот суд. Вашиот глас ќе одлучи дали нашиот постигнат договор ќе нѐ извлече од кризата“ – рекол Ципрас во телевизиското обраќање до нацијата.
Според неговите зборови, Грција добро си ја завршила работата при договарањето со кредиторите, но тоа не било она што лично сакал да го оствари.

BREAKING: Greek Prime Minister Tsipras says he is resigning, calling early elections.
— The Associated Press (@AP) August 20, 2015

Ципрас заклучил дека е време да се повлече, бидејќи го исцрпил мандатот којшто го добил на изборите годинава.
Со оглед на немирната политичка ситуација која во овој момент владее во Грција, многумина се прашуваат што е следно. Затоа, ви донесуваме преглед на 5 сценарија по оставката на Алексис Ципрас.
1. Со оглед на тоа што владата на Алексис Ципрас се повлече скоро за година дена откако е избрана, според грчкиот устав, претседателот на државата мора да им понуди можност на опозициските лидери да формираат влада. Првата шанса за тоа ќе ја добие најголемата партија.
2. Тој мандат трае три дена и ако формирањето на владата не успее, шансата за составување на владата ја добива партијата која е следна по големина на бројот на застапници. Ако ни тие не ја состават владата, мандатот се пренесува и на третата партија по големина.
3. Доколку пропаднат сите обиди за формирање на нова влада, претседателот е должен да распише избори.
4. Во овој конкретен случај, доколку Ципрас го повлече мандатот за состав на владата, Нова демократија ќе добие шанса за формирање на владата, а веднаш зад нив Златна зора може да смета дека ќе ѝ се укаже шанса за формирање на новата влада.
5. Но, не е исклучена можноста лидерите на опозицијата да му го вратат мандатот на претседателот, со што на тој начин би се овозможило одржување на изборни анкети кои пак мораат да бидат одржани 30 дена од најавувањето, јавува Ројтерс.„Чувствувам морална и политичка одговорност да му се препуштам на вашиот суд. Вашиот глас ќе одлучи дали нашиот постигнат договор ќе нѐ извле

Пронајдете не на следниве мрежи: