Медиумите многу пати досега го поставуваа прашањето дали Дарко Алексов е директор на МОСТ или настапува во име на СДСМ како нов партиски портпарол. Овие прашања беа логични по настапите на овој човек каде тој презентира исти ставови како на опозицискиот лидер Зоран Заев.Одговорот на овие прашања беше даден неодамна, кога центарот за слобода-ЦИВИЛ во големата сала на општина Охрид организираше јавен настан „Сите за слободни избори во Охрид“.
На настанот биле поканети сите советници во Советот на општина Охрид и други претставници на политичките партии, на медиумите, на локалните невладини организации, поддржувачите на ЦИВИЛ и заинтересираните граѓани.
Меѓу другите збор зеде Владо Чингоски, поранешен функционер на СДСМ, претседател на Советот на општина Охрид и член и секретар на општинската изборна комисија во Охрид во многу изборни циклуси – ’90, ’94, ’96, ’98, ’99, 2000, 2002 и 2005, откако не е веќе во изборните комисии.
-Ние имавме пример со МОСТ, велите ќе бидеме објективни – бидете објективни, СДСМ беше на власт и во МОСТ сите набљудувачи беа од СДСМ. Се што беше неправилност на избирачките места наблудувачите од МОСТ тврдеа дека немало никакви проблеми, рече тој.
Функционерот на опозициската партија јавно го даде признанието дека набљудувачите од МОСТ биле од СДСМ. Чингоски притоа признава дека во тоа време се вршеле притисоци и се фалсификувале избори.
-Знаеме како се гласало. Знаеме како се вршеле притисоци. Знаеме како се фалсификувало. Се сеќаваме и на Магнус, на тепањата, на кршењата кутии, рече Чингоски.
Одговорот на овие прашања беше даден неодамна, кога центарот за слобода-ЦИВИЛ во големата сала на општина Охрид организираше јавен настан &bd