Првиот човек на МОСТ Дарко Алексов, кој несомнено и според признанијата на самите членови на СДСМ е нивна продолжена рака, очигледно одлично му оди во невладиниот сектор, па милионите кои се вртат на сметката на МОСТ, ги пресликува и во приватниот живот и станува инвеститор и подоцна сопственик на дел од двете згради во скопско Бардовци, кои можат да се видат на фотографиите. После сето ова станува јасно дека зад неговата позиција не стои реална проценка, туку огромни суми на пари, или народски кажано, Алексов игра по нотите на СДСМ и парите на СОРОС, пишува порталот Журнал.Одговорот за ова го кријат двете луксузни згради со сопствено дворно место, меѓу народот познати како зградите на МОСТ, лоцирани на улица 4 сместени во скопско Бардовци.
Алексов е пример како преку граѓанскиот сектор, и партнерство со СОРОС Македонија се стига до огромен имот , грантови и милиони евра буџет. Институциите на државата треба детално да ги прочешлаат милионите кои ги врти оваа организација како и личниот имот на Алексов.
Она што има да се види во деловодните книги на МОСТ се 4 милиони евра свртени за неколку години, но и имот својствен за некој блискоисточен олигарх во подем, две згради во скопско Бардовци при што еден од инвеститорите и сопственик на недвижен имот е токму Дарко Алексов. За потсетување Дарко Алексов, заедно со уште тројца други се инвеститори на две згради со по 2 влеза со вкупна површина од 1462 м2, и потоа становите и помошните простории ги продаваат на други лица. Тие градат и продаваат станови од по 90, 93 м2, а во оптег се огромни илјадници евра на пари.
Невладината МОСТ чиј што прв човек е Алексов, влегува во мрежата на организации кои соработуваат и имаат партнерски однос со Институтот Отворено Општество на Владе Милчин, односно СОРОС Македонија која пак е главен финансиер на медиумите, граѓанските асоцијации подржувачи и лобисти на политиките на СДСМ.
Тоа може да се забележи и од Платформата за наводна борба против Корупција која е финансирана од СОРОС Македонија, каде освен оваа организација, членки се сите чадор организации на Институт Отворено Општество на Владе Милчин, а меѓу нив е и токму МОСТ на Дарко Алексов. Така да на оваа квази платформа се приклучиле освен МОСТ, и Метаморфозис која е ќерка организација на СОРОС Македонија, Транспарентност Македонија чиј долгогодишен прв човек е Сашо Ордановски, кој е отворен косовски лобист, Транспаренси Интернешнл на Слаѓана Тасева и останати организации.
Ова е уште еден пример како невладините на СДСМ и СОРОС вртат милиони, нивните први луѓе се богатат, и го злоупотребуваат граѓанскиот сектор. Машата МОСТ во рацете на СДСМ е само една од алатките на опозицијата за претстојните избори. Сосема невoбичаено е една просечна невладина да врти милиони на својата сметки, особено ако се знае дека тие се најчесто активни само пред избори.
Изборите се време кога тој треба да ја покаже својата лојалност и да одработи за СДСМ. Тоа не го криеа ниту членовите на СДСМ кој јавно кажуваат дека сите набљудувачи на МОСТ се и членови на СДСМ. После сето ова станува јасно дека зад неговата позиција не стои реална проценка, туку огромни суми на пари, или народски кажано, Алексов игра по нотите на СДСМ и парите на СОРОС.Одговорот за ова го кријат двете луксузни згради со сопствено дворно место, меѓу народот познати како зградите на МОСТ, лоцирани на улица 4 сместен