Многу жени живеат со тоа, а не се ни свесни.Експертите од Универзитетот во Манчестер ја анализираа алергијата на сперма кај жените и дојдоа до застрашувачки резултати: Секоја десетта жена во САД е алергична на сперма, а не знае за тоа.
Главен виновник е гликопротеинот што настанува во простатата, а алергијата ја предизвикуваат биомолекулите, вели предавачот по репродуктивно здравје на Универзитетот, др. Мишел Керол, и додава дека последиците се сериозни, како на пример анафилактичниот шок.
Симптомите се малку познати, бидејќи и кога постојат жените не ги поврзуваат со алергија на сперма, туку ги мешаат со симптоми на сексуално преносливите болести, или на уринарни инфекции, како чешање, пецкање, нагони за мокрење, осип.
Имунолошката реакција се јавува само на семената течност, но не и на самата сперма, заради што прашањето за алергијата на сперма нема врска со плодноста и не го оневозможува зачнувањето. Сексот со кондом е најдобар начин да се избегне алергијата.
Ако сте дознале дека сте алергични на сперма, а сакате да забремените, лекарите советуваат да користите профилактички антихистамини кои обично се пијат 30 до 60 минути пред секс, бидејќи го спречуваат избивањето на алергии.
Напомена: Ако по сексуалниот однос ви се појават ваквите симптоми, итно посетете гинеколог. Не мора да значи дека се работи за алергија, но добро би било да проверите дали вие сте таа десетта жена.Експертите од Универзитетот во Манчестер ја анализираа алергијата на сперма кај жените и дојдоа до застрашувачки резултати: Секоја десетта жена во