Алијансата со БЕСА: Поднесовме 86 приговори до ДИК

Алијансата со БЕСА до Државната изборна комисијата вчера вечерта поднесе 86 приговори за изборниот процес во Општина Чаир.-Самиот број на поднесени приговори покажува за каков нефер изборен процес зборуваме во оваа општина. Како што изјавија и претставниците на ОСБЕ-ОДИХР, почнувајќи од флагрантното кршење од страна на премиерот на земјата, прегазувајќи ја политичката волја на Албанците во албанските општини, но и со злоупотребата која ја направи министерот за внатрешни работи, употребувајќи ги полициските службеници во полза на кандидатите на СДСМ-ДУИ во Чаир и насекаде во општините каде тие се кандидираа. Насекаде се виде дека не сме имале избори, туку само крадење! Поради огромниот број на неважечки гласачки ливчиња, имаме сериозни сомневања дека манипулацијата е направена токму со овие гласачки ливчиња.  Затоа, поголемиот број на приговори се поврзани со ова, изјави вчера Емад Мехмети.

Тој вели дека освен овие приговори, забележале и флагрантни кршења, како: купување гласови, уцени и закани кон гласачите.
-После ова слободно може да констатираме дека изборниот процес во Чаир може да биде секаков, но не и демократски. И, за ова не се виновни само тие кои Премиерот ги нарекуваше инкриминирани, претставниците на ДУИ, туку ова ги прави одговорни и самите претставници на Владата, од Премиерот, министерот за Внатрешни Работи и надолу, посочува Мехмети.
Тој додава дека ја повикуваат Државната изборна комисија да ги преиспитаат овие приговори и да одлучат непристрасно во корист на правдата. Повик упатуваат и до меѓународната заедница да ги послуша овие жалби, бидејќи, како што вели Мехмети, нема да дозволат нивното право да биде повредено.
-Ние не би сакале нашето право да го бараме на улица. Во оваа прилика упатуваме порака и до нашите активисти да бидат мирни, бидејќи ние ги следиме сите процедури и ќе ги употребиме сите начини за исполнување на правдата. Ние не може да дозволиме некој да ни го прегази нашето право, само затоа што не може да не победи преку демократска битка, нагласува Мехмети.-Самиот број на поднесени приговори покажува за каков нефер изборен процес зборуваме во оваа општина. Како што изјавија и претставниците на ОСБЕ-ОД

Пронајдете не на следниве мрежи: