Алкалоид донира еден милион денари за Детска клиника!

Loading...

Позиционирајќи ја општествената одговорност на врвот на агендата на своето делување, Алкалоид и годинава ја продолжи хуманата мисија чија главна цел е унапредување на позитивните општествени вредности.Седми пат по ред, големото алкалоидово семејство ја продолжи традицијата наречена хуманитарен пикник за вработените, нивното семејство и пријателите.
Генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов потенцира дека годинава се собрани над еден милион денари кои Фондацијата „Трајче Мукаетов“ ќе ги донира за да се доопремат двата оддели на Детската клиника, одделот за епилепсија и одделот за астма.
– Сакам да го изразам моето задоволство дека секој човек, секој поединец кој е дел од големото семејство Алкалоид и понатаму покажува со своето однесување дека ние сакаме да помагаме, дека ние сме дел од овој систем на Република Македонија. Секаде каде можеме ќе се трудиме и понатаму да бидеме уште похумани и поодговорни како поединци и како компанија и да придонесуваме за еден подобар живот на сите околу нас, рече Мукаетов.
Хуманата мисија расте и се развива полни 8 децении, а Мукаетов најавува дека и во иднина ќе ја негуваат хуманоста како најголема човечка доблест. Седми пат по ред, големото алкалоидово семејство ја продолжи традицијата наречена хуманитарен пикник за вработените, нивното семејство и пријателит

loading...