Алкалоид ќе помогне во битката со болеста на 18-месечниот Мартин Мицев

Само што започна неговиот живот, а веќе е исправен пред голема битка. На 18-месечно детенце Мартин Мицев му е дијагностицирана исклучително ретка болест, ембриобластен тумор на мозокот.Бебето неодамна е оперирано во Македонија и ќе следува негов постоперативен третман на клиника во Германија.
На хуманитарниот пикник на Алкалоид денес присутните се растажија од тешката судбина на малиот борец. Но, брзо потоа слушнаа убава вест.
Повеќе од 1,3 милиони денари се собрани на денешната донаторска акција што по шести пат ја организира Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Повеќе од 1,3 милиони денари се собрани на денешната донаторска акција што по шести пат ја организира Фондацијата Трајче Мукаетов.
-Детенцето на еден наш колега за жал има здравствени проблеми и ние тука сите се собравме да покажеме дека сме хумани, дека заедно можеме да помогнеме да придонесеме и да молиме Бога дека тоа детенце ќе биде излечено како што треба, ќе продолжи да расте и еден ден можеби ќе биде дел од работната средина на Алкалоид, истакна генералниот директор на Алкалоид Живко Мукаетов.
Таткото на ова детенце е вработен во Алкалоид и денес со солзи во очите им се заблагодари на сите колеги и хумани граѓани.
-Во овој тежок момент за мене и мојата фамилија, сум среќен што сум дел од ова големо семејство Алкалоид АД Скопје и се надевам дека ќе успееме со секоја помош да ја избориме и последната битка и да заврши ова како што треба. Голема благодарност до сите, рече тој.Бебето неодамна е оперирано во Македонија и ќе следува негов постоперативен третман на клиника во Германија.
На хуманитарниот пикник на Алк

Пронајдете не на следниве мрежи: