„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 3.507.290.746 денари, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 649.689.157 денари, бележи зголемување од околу 11%, единечната нето добивка изнесува 374.886.745 денари и истата е зголемена за 9%.
Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.554.009.259 денари, што е за 9% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 7%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 10%. Од вкупните консолидирани продажби, 39% се остварени на домашен пазар, додека 61% се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 32%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 7%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21% и на останатите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во В.Британија со продажби од 127.873.079 денари и Унгарија со продажби од 11.691.735 денари што претставува зголемување за 18 пати споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Русија раст од 24%, Романија раст од 52%, Словенија раст од 24%, Украина раст од 33%, Црна Гора раст од 17% итн.
Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 84%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 21%, Кардиолошките препарати со 16%, Антибиотиците со 14%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 16% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 10% и Билкарство учествува со 3%.
Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 668.995.343 денари бележи раст од 12%, додека нето консолидираната добивка во износ од 361.750.584 денари е зголемена за 11%.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2017 година изнесуваат 323.470.022 денари.
Во периодот јануари – јуни 2017 година во Алкалоид се реализирани 54 нови вработувања во Република Македонија.Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 3.507.290.746 денари, што е за 8% повеќе во