Истражувањето кое го спроведе Светската здравствена организација, покажува дека околу 23 проценти од сите смртни случаи се предизвикани од наизглед несмртоносните болести – како зависности и ментални пореметувања. Ова истражување кое опфатило 187 држави низ светот, покажало дека поголем број на луѓе умираат од дрога и алкохол, отколку ХИВ, дијабетес и туберкулоза.
Болестите кои земаат се поголем замав како ХИВ вирусот, дијабетис и туберкулоза, кои се специфични за неразвиените земји не се ни блиску до тој процент.
Освен смрт предизвикана од директни последици од алкохол, дрога, депресија, тука се и пореметување во исхраната, додека менталните пореметувања често резултираат со самоубиство, труење и оштетени органи кои водат кон смрт.
Здравството во сите земји треба да посвети повеќе внимание на пациентите заболени од ментални пореметувања и зависности, затоа што тоа се пандемските болести на нашиот век.Ова истражување кое опфатило 187 држави низ светот, покажало дека поголем број на луѓе умираат од дрога и алкохол, отколку ХИВ, дијабетес и ту
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.