Сенаторот од Шпанија од Европската народна партија, Агусин Алмодобар на вечерашниот митинг кој ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата го одржуваат во Берово истакна дека Македонија е извонредна земја со огромен потенцијал и иднина која многу ветува но затоа е неопходно партијата ВМРО-ДПМНЕ да ги добие изборите.-Обезбедување на основни услови, како здравство и образование кои ќе ви донесе идни образовани генерации. Поддршка на претпријатијата во секторите кои имаат најголем потенцијал за да се придонесе кон нови вработувања за Македонија да биде привлечна европска и светска земја, како што е секторот на туризмот. Јас доаѓам од земја во која годишно има повеќе од 70 милиони туристи и верувајте кога велам дека поддршката на овој важен сектор е еднаква на напредок развој и модернизација на земјата. Затоа знам дека имате огромен отенцијал, огромно туристичко богатство за да бидете водечка туристичка дстинација но за да успеете неа подобра опција од Владата на Груевски. Но, не само поддршка за туризмот или било кој друг производствен сектор, туку и визијата кои што ја имаат членовите на европската народна партија кој ќе донесе иднина и просперитет на Македонија како земја модерна и од иднината, рече Алмодобар.
Вашите успеси во економ раст и вработувања се препознаваат и ги пофалуваат сите, направени во страшните години на европска криза.
-За Шпанија, Македонија е пријателска земја, земја од доверба, со која имаме многу заеднички работи со која одржуваме блиски односи. Во текот на сите овие години нашите врски се зацврстија во сите области и се на цврста основа и делиме исти принципи и верувања. Шпанија секогаш ја поддржувала евроатланската интеграција на земјата. Затоа на Европа и треба Македонија која е силна и цврста која се справува со сериозни предизвици и има корисни политики за вашите граѓани, како што се вашите реални и остварливи предлози кои ги штитат сите граѓани во земјата, рече тој.
Додаде дека Македонија водена од Груевски кој работи за сите во создавање мостови меѓу Македонија и останатите земји членки на унијата.
-Нашата партија е симбол кој го преставува во цела Европа за иднината и се гарантира и секаде каде што владееме има благосостојба, како во Шпанија со лидерот Рахој. Исто како што треба да биде следната недела во Македонија со вашиот лидер Груевски. Не се сомневам дека Груевски ќе биде најдобар претседател за да продолжи напорно и посветено да придонесува за вас затоа што има реални проекти и политики за подобар и поквалитетен живот за сите. Ја има целата наша поддршка бидејќи покажа дека начинот на владеење дава одлични резултати. Груевски е човек од збор, голем претседател со одлични проекти и преокупиран за приближување на Македонија кон НАТО и ЕУ и е пример за многу други европски политичари. Затоа во недела сите гласајте и да победиме, порача Алмодобар.-Обезбедување на основни услови, како здравство и образование кои ќе ви донесе идни образовани генерации. Поддршка на претпријатијата во секторите