Алонсо: Роналдо е најдобар!

Чаби Алонсо упати пофалби на сметка на неговиот тимски колега Кристиано Роналдо, изјавувајќи дека е најамбициозниот играч со кој некогаш играл.
Роналдо беше вистински предводник на својот тим на дуелот со Барселона на гостински терен во реванш дуелот од полуфиналето во Шпанскиот Куп каде Реал со победата од 1-3 се пласираше во финалето.
„Тој е најамбициозниот играч со кој сум играл. Има желба да постигне погодок на секој натпревар, има импресивни атлетски и технички можности во себе…“ изјави Чаби Алонсо.
„Тој е комплетен играч, има одличен шут, знае како да го отфрли противникот од рамнотежа, знае да најде простор, и во вистинско време реагира на вистински начин“ вели Алонсо.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Чаби Алонсо упати пофалби на сметка на неговиот тимски колега Кристиано Роналдо, изјавувајќи дека е најамбициозниот иг

Пронајдете не на следниве мрежи: