Аманет 1903 во хумана акција, го прозваа Стојанче Ангелов кој давал лажни ветувања на бранителите

Мачно е, гневно е, болно е, кога маж од 59 години кој бил спремен животот да го даде за Татковината со солзи во очите ти кажува како е заборавен од сите и ти покажува како шеќерот му ја уништува ногата!
Си велиш ах бре животе кучкин сине наместо ние него да му се заблагодаруваме што му фрчеле куршуми над глава со месеци тој нас да ни се заблагодарува и благослува за некаква минорна помош! 
Заменети улоги кои не коинцидираат со големата слика! Тој е херојот!
Здружението АМАНЕТ 1903 со своите ограноци денес беше во посета на Бранителот од Прилеп! Помогна колку што можеше! Срам да ви е на сите политичари!
Стојанче Ангелов си му ветил на чичко Драги Спасески дека за два дена ќе завршиш работа за пуштање на струјата, поминати се повеќе денови до сега не си останат на зборот!
Исто и Градоначалникот на Прилеп!
Потребно е да се плати струјата за која се потребни 100000 денари и да се обезбедат некакви месечни примања!
Исто и лекување за чичко Драги!
Тоа се три најголеми проблеми!
Ние од АМАНЕТ ве замолуваме кој може на кој било начин нека помогне!
АМАНЕТ 1903 та о.Скопје благодарение на една голема Македонка денес помогна колку што можеше!
Ако можеме ќе помогнеме повторно!
МАКЕДОНЕЦ ЗА МАКЕДОНЕЦ!
АМАНЕТ 1903та

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.