На насловното интригантно прашање, задоволителен одговор ни оставил истакнатиот средновековен дубровчанец – Мавро Орбини.
Кој бил Мавро Орбин и поради што тој е толку значаен за нас?
Мавро Орбин, исто така познат во венетско (венециско) италијанската верзија на прзимето како Орбини (каде србскиот историчар Петар Богдани го нарекува Марино Урбини 1563 – 1610) бил дубровчански бенедиктски монах и историчар од 16-тиот век, кој постанал славен благодарение по своето фамозно дело Il Regno de gli Slavi (Кралството на Словените), книга која подоцна ќе постане една од строго забранетите книги од самиот католички епицентар – Ватикан. Во ова дело се говори за славата и големината на „словенската нација“ и настојува за учениот свет на Западот да го прикаже вистинито нашето древно минато.
Роден е во Дубровник во 1563 година, во трговската фамилија по потекло од Котор и го добил името Франо. На 15 години стапил во бенедиктскиот ред и го зел монашкото име Мавро, кое било многу популарно помеѓу овој ред. Провел искушенички период во манастирот Света Марија на островот Мљет, кој се наоѓал под власта на Дубровчаните. Во манастирот ја започнал својата книжевна сага. Пред 1590 година го нашишал делото De Ultimo Fine Humanæ Vitæ Vel Summo Bono; кое ниту до ден денеска не е објавено, со теолошки карактер и неговиот ракопис се чува во универзитетската библиотека во Падова. Во нејзе се наговестува дека авторот се интересира за исрторијата. Посветено е на Орбиновата идна мецена Марин Бобањевич, богат благородник од Дубровник, кој подоцна го помагал неговото главно дело.
Во последните две децении од својот живот, Орбин завземал важна положба во црковната хиерархија во Дубровник. Бил најпрвин опат на манастирот Света Марија, потоа имал водечка улога во бенедиктанската конгрегација на Мљет, бил опат на манастирот Свети Михаил на Шипан, опат на манастирот Свети Јаков во Вишњици (најзначајниот бенедиктански манастир на територијата на Дубровачката република), за да папата Климент VII во 1597 година го постави за опат во манастирот на Бач, кој бил седиште на бачко-калочката надбискупија, тогаш под турска власт.
Во 1599 година, Орбин заминал во Италија да ја заврши работата на своето главно дело и да го надгледува неговото печатење. Во предговорот на Кралството на Словените тој навел како во неколку наврати ја обиколил Италија, посетувајќи ги библиотеките во кој трагал за историските дела. Најголем број на историски дела нашол во библиотеката на војводата од Урбин во Пезара. Пристапот до таа библиотека сигурно му го овозможил неговиот мецена Марин Бобањевич, кој ги превзел трошоците за објавувањето на оваа книга. Делото е објавено во 1601 година во Пезара. Со самото тоа што бил католички монах, Орбин имал голема можност и прилика да дојде до многу тајни пристапи и трезори како што е Ватиканската библиотека, каде на располагање му биле илјадници книги од каде би извлекол вредни информации.
Тој ја употребил целата документација која тогаш била на располагање во Европа. Станува збор за огромна дата-база на податоци каде тој ги прегледал и превзел.
Поради изнесувањето на овие информации во јавност, оваа книга “Кралството на Словените” била строго забранета од Ватикан. Оваа книга долго време била чувана во Ватикан, однсно во Ватиканската библиотека, со напомена дека е недостапна за Србите. Орбин, исто така одлично владеел со јазиците и според мене лично, тој поштено пишувал и се придржувал кон вистината со што им засметал на паразитските темни сили, и поради ова дело, тие морале да го свргнат од католичката црква. Доколку Дубровачката Република не го заштитела, веројатно би можел да ја загуби главата. Имено, неговото дело многу добро се поклопува и со други извори и теории, особено со алтернативните историчари каде со многу факти и докази едноставно ја “шамараат” како мало дето официјалната и општоприфатена историја. Oваа книга за прв пат на овие простори била печетена и објавена во бившата СФРЈ во 1968 во Белград, меѓутоа во многу скратена и непотполна верзија, каде фалат речиси 300 страни. За среќа, повторно во 2016 беше објавена оваа книга во целосна верзија, која кореспондира со оригиналниот текст на италијански. Оваа книга можете да ја набавите од македонската книжара Матица.
Некој ќе помисли, па зарем толку ли е важна историјата и борбата за нејзиното модфицирање и како таа има врска со денешната современа ситуација?
Дрвото чии корени му се пресечени, едноставно е осудено на пресушување и смрт. Исто е и со нашата словенска историја, која вешто и лукаво се прекрива се со цел да веруваме дека потекнуваме од дивјаци кои се расеале ширум Европа, дојденци од зад-Карпатите, кои биле прости, неписмени крадци и немале поим за култура и цивилизиран начин на живот. Сепак, вистината е дијаметрално спротивна од она што не учат во училиштата и ни ги перат мозоците со информации одобрени од инстутутите што се во надлежност на социјалните паразити – Темните Сили.
Во неговата книга тој наведува дека сите Словени имаат потекло од Северна Европа, поточно од Скандинавија и Сибир кои биле нашата исконска прататковина. Веројатно после пропаста на пред-потопната Хипербореја и последователните климатски влошувања, катаклизми и заледувања, првите копна каде што стапнале преживеаните потомци на белата раса биле токму Скандинавија (Тула) и Сибир (Сер-Индија, Серика), Скитија, Сарматија.
ARRIAN’S WORLD as depicted by ORTELIUS, 1624, Abraham Ortelius
Arctic continent on the Gerardus Mercator map of 1595.
Сега конечно да се фокусираме на нашето главно прашање поврзано со Амазонките и словенскиот свет. И покрај тоа што тие се третираат за “митско племе” составено од жени воини во старо-хеленската митологија и антиката, тие сепак постоеле, па дури се пронајдени и гробнци на вооружени жени, токму во наведени региони од историчарите. Херодот сметал дека се од регионот кој се граничи со Скитија во Сарматија (денес во Украина). Други историографи сметаат дека биле од Мала Азија, а понекогаш и Либија.
Шпекулациите дека идејата за Амазонките е врз основа на реалност што е базирана врз археолошките наоди од погребувањата, јасно укажуваат на можноста дека некои сарматски жени учествувале во битки. Овие наоди довеле научниците да укажуваат на тоа дека амазонската легенда во хеленската митологија можела да биде инспирирана од вистински жени воини.
Докази за жени воини биле најдени во курганите во јужниот дел на Украина и Русија. Дејвид Ентони заклучил: “Околу 20% од скитско-сарматски” воински гробови “содржеле жени облечени за битка слично како и мажите што се облекувале, феномен што веројатно ги инспирирал античките приказни за Амазонките“.
25% од воените погребувања биле на вооружени сарматски жени. Рускиот археолог Вера Ковалевскаја укажува дека кога скитските мажи биле далеку во борба или лов, номадските жени би требало да можат да се бранат себеси, нивните животни и пасишта.
Скитски мечеви
Со текот на времето Скитите напреднале во Азија и постигнале речиси хегемонија во Блискиот Исток, имало период од дваесет и осум години, кога мажите би биле далеку на кампањи за долги периоди. Во ова време жените не само што би требало да се бранат, туку и да репродукцираат и ова би можело да биде потеклото на идејата дека Амазонките репродукцирале еднаш годишно со своите соседи, иако Херодот, всушност, ги базирал своите тврдења на факти, сепак треба да се биде прилично внимателен за да му се верува во потполност.
Она што се знае за Амазонките, е тоа што тие исто така мигрирале и се среќаваат на различни локации во различни периоди. Како што кажав, тие ги наоѓаме и во Северна Африка помеѓу белите “африканци” – Берберите (Варварите), каде самите се нарекуваат и како Амазиг. Египќаните исто така, раскажувале и за битките со племињата на воинствените жени (зачуваните папируси од времето на Рамзес II (1279-1213 п.н.е.)). Малкумина знаат, но во прилог на познатите Црно-Морски Амазонки, каде долго пред нив постоеле Либијските Амазонки – русокоси и синооки племиња на жени-воини. Овој податок е несомнено интересен, и поради тоа што и самото име “Амазонки” е во потполн етимолошки склад со Берберското самонарекување “Амазихи“.
Arnold Schwarzenegger (Conan) and Sandahl Bergman (Valeria) – Conan the Barberian 1894
Sandahl Bergman as “Valeria” on Conan the Barbarian (1982)
Најраните споменувања на нивното воинствено племе се наоѓа во “Илијада” (веројатно во 8 век п. н.е..) – Поемата на Хомер за Тројанската војна (14 век п.н.е. год.). Во нејзе тројанскиот крал Пријам вели дека ги видел во битка Амазонките против Бригите. Во оваа војна, Амазонките биле на страната на Тројанците против Хелените. Хомер вели дека овие жени се бореле, “слично како мажите“. За нив разкажувал и Диодор од Сицилија (90-30 г.п.н.е.) , античкиот историчар и митограф, кои за возврат прераскажува митови, забележани од другите древнохеленски митолози како – Дионисиј Скитобрахион (живеел во Александрија во средината на 2 век п.н.е.). Тој говорел дека најстарите древни Амазонски царства се наоѓале во Либија (Северна Африка -Мароко, Алжир, Тунис), но тие исчезнале долго пред Тројанската војна.
Главниот град на ова царство се наоѓал во североисточниот дел на езерото Шерги (Планината Атлас во Алжир). Атлас е планинска област во северозападна Африка, која се наоѓа меѓу Атланскиот Океан со Средоземното Море и пустината Сахара. Се протега во државите Мароко, Алжир и Тунис.
Кога минојската археологијата била сеуште во повој, теорија спомената во есеј во врска со Амазонките придонесена од страна на Луис Ричард Фарнел и Џон Мирс во 1908, го постави нивното можно потекло во минојската цивилизација, обрнувајќи внимание на занемарените сличности помеѓу двете култури. Според Мирс, традициите на Амазонските култови изгледале многу слични и можеби дури и потекнувале од минојската култура.
Мавро Орбини пишувал за Амазонките дека се Русинки, словенски жени. Фактот дека Амазонките биле Русо-Словенки, исто така, се потврдува со нивниот изразен словенски изглед.
Wounded Amazon of the Capitol, Rome
Амазонки. Детал од Нирнбершката хроника (1493)
Мавро Орбин, дури во својата книга вклучил и цело поглавје со наслов “За Aмазонките – славните словенски воини”. Тој ја започнува својата приказна на следниов начин: “Славата на словенската раса е прикачена со храброста на жените на овој народ.
Во книгата на Марво Орбин – “Кралството на Словените” го читаме следново:
“ПРЕД СЕ, САРМАТСКИТЕ СЛОВЕНИ СЕ ЖЕНЕЛЕ СО АМАЗОНКИТЕ, КОИ ЖИВЕАТ НА ВОЛГА, ПОМЕЃУ СЛОВЕНСКИТЕ МЕЛАНЧЛЕНИ И СИРБИ (СЕ МИСЛИ НА АНТИЧКИТЕ МАЛО-АЗИСКИ СРБИ).
People with name Sirbi near the estuary of the river Volga, on Ptolemaic map from 1552.
“Serbi” located near the mouth of the Volga, based on Greek literary sources, in a map printed in LONDON, ca 1770
People with name Serbi (Серби) near the estuary of the river according to the map from the book of Jovan Rajić, printed in Vienna in 1794.
АМАЗОНКИТЕ СЕ ГОТСКИ ЖЕНИ , КОИ ВОЈУВААТ ПРОТИВ ЦАРОТ АУРЕЛИЈАН. ВСУШНОСТ, И АМАЗОНКИТЕ СЕ ОД СЛОВЕНСКИ РОД. ПОЗНАТА Е МАРПЕСИА, КРАЛИЦАТА НА АМАЗОНКИТЕ. ПОСЛЕ МНОГУ ПОБЕДОНОСНИ ПОХОДИ, АМАЗОНКИТЕ ПРИСТИГААТ НА КАВКАЗ, ТУКА СЕ ЗАДРЖУВААТ НЕКОЕ ВРЕМЕ И ПОТОА СВОЈАТА ВЛАСТ ЈА ПОТЧИНИЛЕ ВО ЕРМЕНИЈА, ГАЛАТИЈА, СИРИЈА, КИЛИКИЈА, ПЕРСИЈА И МНОГУ ДРУГИ ЗЕМЈИ. ЗАДРЖУВАЈЌИ СЕ ВО ТИЕ ОБЛАСТИ, ТИЕ ПОДИГААТ МНОГУ ГРАДОВИ И ТВРДИНИ. ПОКРАЈ ОСТАНАТИТЕ, АМАЗОНКИТЕ ЈА ИЗГРАДУВААТ СМИРНА, ГО ПОДИГААТ ЕФЕС И ВО НЕГО ПОЗНАТИОТ ДИЈАНИН ХРАМ. НИВНАТА КРАЛИЦА КАЛЕСТРА, ИЛИ МИНУТИА, СО ТРИСТА ИЛЈАДИ АМАЗОНКИ МУ ДОАЃА НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ. ТОА СЕ ПОСЛЕДНИТЕ ВЕСТИ ЗА АМАЗОНКИТЕ. ШТО ДА КАЖЕМЕ ЗА ХРАБРАТА ТАМАРА, КРАЛИЦАТА НА МАСАГЕТИТЕ, ОДНОСНО АЛАНИТЕ, КАДЕ СО СВОЈА РАКА ГО УБИЛА ПЕРСИСКИОТ КРАЛ КИР? АЛКИДА, ИСТАКНАТА ХЕРОИНА НА СЛОВЕНСКИТЕ ГОТИ, БИЛА ПРВАТА ЖЕНА ГУСАР. НА ШВЕДСКИОТ КРАЛ РИНГОН СЛОВЕНСКИТЕ ЖЕНИ MU ПОМАГААТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ДАНАСКИОТ КРАЛ АРАЛД. ПОМЕЃУ ОВИЕЕ ЖЕНИ, КАКО ЈУНАЦИ И ВОЈВОДИ, ПОСЕБНО СЕ ИСТАКНУВААТ ТЕТА И ВИСНА. МАКЕДОНКАТА КИНАНА, СЕСТРАТА НА АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ И ОД СЛОВЕНСКИ РОД, СО СВОЈАТА РАКА ЈА УБИЛА ИЛИРСКАТА КРАЛИЦА КАРИЈА. ТЕУТА, СОПРУГАТА НА ИЛИРСКИОТ ВЛАДЕТЕЛ АРГОН, ПОСЛЕ НЕГОВАТА СМРТ ДОЛГА НИЗА НА ГОДИНИ ВЛАДЕАЛА СО ДАЛМАТИНЦИТЕ И ВОДИ БРОЈНИ ВОЈНИ. ИЛИРСКИТЕ ЖЕНИ ГО СПАСУВААТ САЛОН КОГА БИЛ ОПСЕДНАТ ОД ОКТАВИЈАН. ЖЕНИТЕ НА ДАРДАНЦИТЕ ГИ ФРЛААТ СВОИТЕ ДЕЦА ВО ОГАН, НО НЕ СЕ ПРЕДАВААТ НА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ. ТРАКИЈЦИТЕ, ИСТО КАКО ИЛИРИТЕ И ГОТИТЕ, ГОВОРАТ ИСТ, СЛОВЕНСКИ ЈАЗИК…..”
Извор: svarogi
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.