Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје го организираат Регионалниот Летен Универзитет во Струга

Годинава, по 17-ти пат, Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје го организираат Регионалниот Летен Универзитет во Струга, на кој ќе учествуваат повеќе од сто професори по француски јазик од Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Естонија и Литванија.Свеченото отварање е предвидено во понеделник 4 јули, во 18ч30, во хотелот „Дрим“ и ќе трае до 8 јули 2016 година.Овој Летен Универзитет, којшто секоја година доживува сè поголем успех,  е значаен за континуираната обука на професорите и наставниците и се организира во партнерство со Министерството за образование и наука на РМ, како и со бројни регионални партнери. Универзитетот им овозможува на професорите и наставниците да стекнат нови познавања во доменот на наставата по француски јазик и култура, како и иновативни техники и методи за изучување на францускиот јазик.
 
Програмата предвидува шест модули за обука, кои ќе ги водат врвни француски обучувачи, но и богати франкофонски активности, како презентации, работилници и размени на професионално ниво. Професорите на крајот на обуката ќе добијат официјален сертификат за учество.Овој Летен Универзитет, којшто секоја година доживува сè поголем успех,  е значаен за континуираната обука на професорите и настав

Пронајдете не на следниве мрежи: