Амбасадата на Шведска во рамките на Саемот на книгата организира серијал настани поврзани со шведската литературна сцена, оваа година во духот на детската литература.Во текот на сите денови од Саемот на книгата, 12-18 април, на штандот на амбасадата во халата 1, на детското ќоше на штандот на амбасадата најмладите ќе може да се дружат со Пипи, со Мио и другите јунаци преку приказните за неа, да цртаат и се забавуваат. Организирани посети од основни училишта ќе има во во периодот од 12-14 часот во деновите 12, 15 и 18 април кога ќе се чита на македонски јазик, а на 14 април на албански јазик. Во останатите времиња како и за време на викендот читањата ќе бидат отворени за спонтани посетители.
За средата, 13 април Амбасадата ве кани, во 12 часот на презентација на новите трендови во шведската детска литература, со осврт на АЛМА – фондација која секоја година ја доделува престижната меморијална награда „Астрид Линдгрен“. Презентацијата ќе се одржи во Хала 1, Центарот за презентации на првиот кат од халата.
Предавач е г-ѓа Лена Кореланд, од Шведска, почесен професор по компаративна и детска литература од Упсала, долгогодишна членка на жирито кое ги избира АЛМА лауреатите.
За што станува збор?
Шведската детска литература по многу нешта е специфична. Таа не само што е забавна, туку и на јазик разбирлив за децата тематизира прашања од значење за децата, прашања кои честопати возрасните не знаат како да ги одговорат, или објаснат. Шведската детска литература ги проблематизира и демистифицира прашањата за насилството, смртта, задевањето, хомосексуалност, злоупотребата на дроги, разводот, и така натаму, со цел да ги едуцира и зајакне децата тие да израснат во здрави, среќни и самостојни индивидуи, и го прави тоа на забавен начин. Сите ги паметиме Пипи долгиот чорап, Карлсон од покривот, но тука се и Мио и неговите авантури, богатата фантазија на Пија, Јохана која умее да свирка …
Секоја година се доделуваат награди за исклучителни детски книги, но и организации работат на тоа да ги охрабрат децата и младите возрасни индивидуи да читаат повеќе. Една од најпрестижните награди е „Астрид Линдгрен Меморијалната награда“ која е и најголемата парична награда во вредност од 5 милиони шведски круни.
Македонија во минатото имала свои номинирачки тела за поднесување номинации на македонски детски писатели, илустратори и организации кои поттикнуваат читање и посетата на г-ѓа Кореланд е во правец на заживување на овој процес.
Дополнително, на 14 април, со почеток во 11 часот, во НУБ „Св.Климент Охридски“во рамките на манифестацијата„Денови на светската книжевност“ Лена Кореланд ќе одржи предавање на тема „Шведската писателка Селма Лагерлеф : многу повеќе од само раскажувач“Во текот на сите денови од Саемот на книгата, 12-18 април, на штандот на амбасадата во халата 1, на детското ќоше&n