Америка во паника: Ќе ги затвара амбасадите во муслиманските земји

Голема паника владее во САД. Стејт департментот соопшти дека во недела ќе бидат затворени американските амбасади во муслиманските земји поради безбедносни закани.Ќе бидат затворени амбасадите во Абу Даби, Багдад и Каиро, како и неколку конзулати, а портпаролката на Стејт департментот Мари Харф изјави дека овие мерки ќе бидат спроведени поради загриженоста за безбедноста на дипломатскиот персонал.
Од Телевизијата Си-Ен-Ен соопштија дека оваа мерка е поврзана со разузнавачката информација за заговор на терористичката мрежа Ал Каеда врз дипломатските мисии на САД на Блискиот Исток и други муслимански држави. Недела е работен ден во муслиманските земји.
Според Си-Ен-Ен, исто така, ќе бидат затворени и амбасадите на САД во Бахреин, Израел, Јордан, Кувајт, Либија, Оман, Катар, Саудиска Арабија, Јемен, Авганистан и Бангладеш.
Американските дипломатски претставништва се наоѓаат под зголемени мерки за безбедност по минатогодишниот напад на конзулатот во Бенгази, во кој беше убиен амбасадорот на САД Крис Стивенс и уште тројца американски службеници. 
извор:maxim.mkЌе бидат затворени амбасадите во Абу Даби, Багдад и Каиро, како и неколку конзулати, а портпаролката н

Пронајдете не на следниве мрежи: