Под насловот „Претседателот Трамп и Државниот секретар на САД Тилерсон да обратат сериозно внимание на ова“, угледниот аналитички Интернет портал Американ спектатор објави голема детална анализа за активностите на организациите финансирани од милијардерот Џорџ Сорос во Македонија, и, како што пишува порталот, „нивните активности за разнебитување на унитарноста на Македонија со цел да донесат на власт ним блиски партии“.„Малата, но силна Македонија е глушец во споредба со големите лавови, но таа гласно рикна оваа година објавувајќи му војна на Џорџ Сорос, бидејќи, најверојатно, тој и неговата Влада во САД финансирале левичарска агенда за поделба на нацијата и да се донесе на власт социјалистичко-муслиманска коалиција на власт“, пишува угледниот аналитички Интернет портал Американ спектатор.
„Тоа беше еден вид на манипулација на администрацијата на Обама, која рутински и незабележано помина во 2012 година, кога УСАИД Скопје го одбра соросовата Фондација Отворено општество Македонија да менаџира 2,5 милиони долари, пари на македонските даночни обврзници, со наводна цел – “изградбата на демократијата”, за две години подоцна тој износ да го зголеми на 4,8 милиони долари“, пишува Американ спектатор.
„Како што зборувавме и претходно, Фондацијата Отворено општество Македонија е партнер на УСАИД за регрутирање на кандидати за “грантови за млади ангажман за поддршка (YES)”, пишува порталот.
„Судирите меѓу унгарско-американски милијардер и националните интереси на Македонија се објаснети на Интернет сајтот StopSoros.mk, кој го отворија група македонски новинари од Скопје“, пишува Американ спектатор.
Во текот на последните три недели, инспирирани од Трамп-револуција, десетици илјади Македонци одржаа мирни собири за унитарноста на Македонија, за крај на хаосот што го создава Сорос/УСАИД и за испитување на работата на Американската Амбасада и американскиот Амбасадор во Скопје, во однос на сите овие активности на организации финансирани од Сорос“, потенцира Американ спектатор, давајќи ги како пример бројните транспаренти на македонските демонстранти на кои стоеја написи како „Не за соросоидна Влада“.
На овие македонски проблеми реагираше и американскиот Капитол Хил, кога шест угледни Републиканци побараа испитување на работата на американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, повикувајќи се на скандалозни извештаи за мешање на Амбасадата под водство на Бејли во внатрешната политика на Македонија и фаворизирање на ним блиски политички опции. Потоа следеше и директното писмо за оваа проблематика што шест републикански Сенатори го испратија лично до американскиот државен секретар Тилерсон“, пишува Американ спектатор.„Малата, но силна Македонија е глушец во споредба со големите лавови, но таа гласно рикна оваа година објавувајќи му војна на Џорџ Сорос