Американците го поддржаа слаткарот кој одбил да прави свадбени торти за хомосексуалци

Џек Филипс повеќе од 40 години поседува слаткарница во којашто меѓу другото правеле и свадбени тортиНо тој добил порачка да направи свадбена торта за еден хомосексуален пар. И покрај тоа што Филипс љубезно им објаснил дека е христијанин и дека неговото верско убедување не му дозволува да ја исполни порачката, налутениот пар го дале на суд. 
Филипс бил обвинет за дискриминација против истополовите парови. Адвокатот на Филипс тврдел дека тој имал полно право да ја откаже порачката поради своите христијански убедувања и ставовите на неговата црква, која не ги дозволува истополовите бракови. „Неговата религија, без разлика на нејзиниот став во врска со истополовите бракови или на символичното значење на свадбената торта, не му дава на обвинетиот право на дискриминација“, му одговори на тоа адвокатот на половиот пар од Американскиот сојуз за граѓански слободи. 
На Филипс му се закануваше затворска казна од една година, доколку судот донесе одлука неповолна за него, а тој продолжи да им откажува на истополовите парови изготвување на свадбени торти. И ете апелациониот суд на Колорадо ги поддржа претходните две судски одлуки и го прогласи Филипс за виновен за дискриминација против истополовите парови. Судот му забранил на Филипс да одбива такви нарачки, во спротивен случај неговата фирма ќе биде затворена. 
Филипс како одговор изјавил дека ниту еднаш во тие 40 години не примил нарачка којашто би му противречела на неговата вера. „Јас не правам торти со нацистички знаци, со сатански и порнографски символики, не правам торти за Ноќ на вештерките и нема да правам свадбени торти за истополови парови, јас сум христијанин“, изјави тој. 
После судењето Филипс бил буквално прогонуван. Во слаткарницата постојано ѕвонеле непознати лица, заканувајќи му се дека ќе го убијат него и неговото семејство доколку остане на своето. Освен тоа со секоја следна таква порачка постоела опасност од нови судски обвиненија. Тогаш Филипс донесе радикално решение – сосема да се откаже од правењето на свадбени торти. Заработката на неговата фирма паднала на половина. 
А потоа, според зборовите на Филипс, луѓето како да се освестиле. „Стотици луѓе ми се јавуваа и ми велеа дека е мое право да им откажам на хомосексуалците правење на свадбени торти“. Освен тоа во поддршка на фирмата на Филипс беше објавена акција за собирање на средства. Луѓето решија да го поддржат слаткарот којшто пострада заради своите религиозни убедувања и нивна цел е да соберат сума од 200 илјади долари. 20 % од сумата е веќе собрана.
Извор: Бигорски манастирНо тој добил порачка да направи свадбена торта за еден хомосексуален пар. И покрај тоа што Филипс љубезно им објаснил дека е христијанин и дека нег

Пронајдете не на следниве мрежи: