Американската компанија Боинг и Сикорски еркрафт неодамна го објавија промотивното видео на новиот хеликоптер во склоп на програмата „Future Vertical Lift“ на американската војска.Концептот е наречен Sb>Difint, а би можел да го замени веќе култниот АХ-64 апач хеликоптер и повеќенаменскиот УХ-60 блекхоук хеликоптер.
Според првите податоци кои Боинг/Сикорски ги објавија, овој хеликоптер ќе биде побрз, потивоко и со подобри маневарски способности од сегашните хеликоптери. Би требало да има и доста поголем радиус на делување.
Целта на програмата за заеднички развој на повеќенаменски хеликоптери е замена на големиот број на хеликоптери кои во моментов се наоѓаат во американската војска. Имено, иако се доста ефективни, хеликоптерите УХ-60 блекхоук, АХ-64 апач и ЦХ-47 чинук, дизајнирани се уште во 60-тите и 70-тите години од минатиот век и вооружените сили на САД сметаат дека е време да се сменат со нови.
Конкретниот концепт спаѓа под „средна“ класа на „Future Vertical Lift“ програмата, а ќе лета со минимална брзина од 287 милји на час или 460 километри на час, што е скоро за 100 километри повеќе од максималната брзина на АХ-64 апач.
Тоа е воедно единствениот податок кој е откриен за „SB>1 Difint“, а максималната и борбената сила не сакаа да ја откријат. Кажано е само дека ќе биде подобар од сегашната генерација хеликоптери. Освен тоа, ќе биде зголемена и можната висина за летање, а подобрата маневарска способност ќе направи хеликоптерот да биде поефикасен во услови на борба во урбано опкружување.
Верзијата која ќе го замени апаче е наоружана со топ под носот на хеликоптерот и разни проектили на поткрилните точки. Главниот конкурент на Боинг во конечниот избор на новата платформа за „Future Vertical Lift medium“ ќе биде концепотот „Bell V-200 Valor“, а Министерството за одбрана на САД ќе ја донесе конечната одлука следната година.Концептот е наречен Sb>Difint, а би можел да го замени веќе култниот АХ-64 апач хеликоптер и повеќенаменскиот УХ-60 блекхоук хеликоптер.