Северна Кореја денеска соопшти дека на крајот од минатиот месец уапсила американски државјанин поради „непријателско дејствување“.Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА наведе дека Американецот, Ким Санг Док е приведен на аеродромот во Пјонгјанг поради „непријателски кривични дела со цел субверзија на земјата“.
Ким беше повикан да предава на Научно-техничкиот универзитет во Пјонгјанг. Ректорот на Универзитетот потврди дека Ким е приведен, но истакна дека е непозната причина за неговото апсење.
Во Северна Кореја во притвор се најмалку уште двајца Американци, Ким Донг Чул и Ото Варбијер.Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА наведе дека Американецот, Ким Санг Док е приведен на аеродромот во Пјонгјанг поради „неприја