Американската историја на Оливер Стоун: „Не сме под закана, ние сме заканата!“

Оливер Стоун напиша нова серија во која се критикуваат прекуокеанските мисии на САД. Режисерот е познат по презентирање на американските контроверзи.Холивудскиот режисер е познат по тоа дека ги насочи камерите кон убиството на Џон Кенеди, војната во Виетнам и нападите на кулите близначки на 11 септември.
Но, неговата најнова серија, насловена „Некажаната историја на САД“, се осврнува на според него најконтроверзната работа до сега, а тоа се експлоатирањата на Блискиот Исток од страна на САД.
„Кога ја проучував некажаната историја, едно нешто сериозно ме погоди, а тоа е историјата на мисии на САД на Блискиот исток“, изјави Стоун.
„Вклученоста на САД на Блискиот Исток е зло“.

Стоун бележи вакви настани уште од 1930 година, но според него кулминацијата е кога претседателот Џорџ Буш испрати стотици илјади трупи да го ослободат Кувајт по инвазијата на Ирак во 1990 година.
Советскиот Сојуз неодамна колабираше и регионот остана подложен на влијанието на супермоќи.
„Никогаш не излеговме од таму. Откако влеговме, засекогаш сме таму“, вели Стоун.
„Го дестабилизиравме целиот регион, создадовме хаос. А потоа, ги обвинивме ИСИС за хаосот што го создадовме“, додава тој, осврнувајќи се на исламската група ИД што во моментов владее со делови од Ирак и Сирија.
Стоун истражуваше и напиша книга и серија со Питер Кузник од Американскиот Универзитет, кој е специјализиран во нуклеарните напади на САД што ставија крај на Втората Светска Војна.
Гладот на Вашингтон за нафта, дава основа на сојузот со Саудиска Арабија, пучот поддржан од ЦИА против иранскиот премиер Мухамед Мусадек во 1953 год. и нивната поддршка на антисоветските милитанти во Авганистан во 1980-те години, вели Стоун.
„Ги направивме сите овие хаоси, а потоа излеговме со голем воен план за да ги решиме. А воените решенија едноставно не функционираат“, вели тој.
Гледиштата на Стоун и Кузник се сосем вообичаени во Каиро, Москва или Париз.
Но, во САД ваквите гледишта воопшто не се популарни.

Според Стоун, Американците живеат во стаклено ѕвоно и образовниот систем, политичарите и медиумите им натураат информации, во кои САД е столб на стабилноста и сила на доброто во светот.
Познат пример е оној кога поранешниот претседател Роналд Реган ги нарече САД „Град што блеска на рид“.
„Многу е удобно да си Американец“, вели Стоун.
Го имате впечатокот дека сте безбедни и имате материјални добра, и дека имате непријатели насекаде – Русија, Кина, Иран и Северна Кореја. Влегувате во кожурец каде имате голема земја, два океани, но секогаш сте под закана.
Стоун вели дека ова добро го разбира бидејќи и самиот го живее.
Тој израснал во Њујорк како син на републиканскиот берзански шпекулант, Луис Стоун. Секогаш бил креативен: Често пишувал кратки претстави за да го занимава семејството, но никогаш не се сомневал во начинот на кој во училиште му била презентирана историјата на САД, вели тој.
„Добив само дел од приказната, а тој дел ја нагласуваше американската исклучителност, и САД како несебична и добра држава кон целиот свет“, вели тој.
Во 1967 година, Стоун доброволно се пријавува во армијата на САД и служи во Виетнам. Два пати е ранет и добива орден Бронзена Ѕвезда за херојство и Пурпурно Срце за службата.
„Се вратив од Виетнам збунет, целосно збунет за тоа што се случува таму“, вели тој.
„Но, затоа, добив силна доза на говори на воено храбрење“.
Тој започнал да поставува прашања и да ја чита „прогресивната историја“ додека студирал режија на Универзитетот во Њујорк, каде професори му биле најпознатите режисери како Мартин Скорсезе.
Ваквите идеи го ориентираа кон политичката режија во 1980-тите.
Филмот „Салвадор“ (1986) ја обработува војната во 1980-те во Централна Америка. „Платон“ од 1986 е неговиот прв огромен успех како режисер, и во него се работи за службата во Виетнам на млад војник, глумен од Чарли Шин.
Стоун продолжува да ја прикажува војната во „Родени на 4-ти јули“ од 1989, со Том Круз. „ЏФК“ од 1991 година ги прикажува неговите теории на заговор за убиството на поранешниот претседател, а филмовите како „Никсон“ од 1995 и „В.“ од 2008 ги раскажуваат приказните за наредните врховни команданти.
Филмот за свиркачот Едвард Сноуден е одложен до 2016 година, изјави Стоун.
Стоун исто така интервјуираше и странски државници кои се спротиставуваат на Вашингтон, од кубанскиот револуционер Фидел Кастро до истераниот украински претседател Виктор Јанукович и рускиот претседател Владимир Путин.
„Некажаната историја на САД“ е документарна серија во 10 делови и книга од 750 страници. Таа им нуди на Американците поинаков пристап кон историјата на САД од Втората Светска Војна, низ Студената војна до денешно време.
Стоун вели дека сака да го побие „образовниот криминал“ на лажење на американските ученици.
„Американската исклучителност и посебност мора да се извади од образованието“, вели тој.
„Не сме под закана. Ние сме заканата“.Холивудскиот режисер е познат по тоа дека ги насочи камерите кон убиството на Џон Кенеди, војната во Виетнам и нападите на кулите близначки на 11 с

Пронајдете не на следниве мрежи: