Бидејќи со успех ја покрена добро испланираната побуна на киевскиот Мајдан, на почетокот на 2014 година, како и најголемиот воен конфликт во Европа по војните во Југославија во 90-тите во Украина, Викторија Нуланд, помошник на американскиот државен секретар за европски и евроазиски работи, неодамна се обиде во Македонија да изведе пуч во киевскиот стил, со цел насилно да ја преврати легитимно избраната влада на Никола Груевски.Како одлика на нео-конзервативците Викторија Нуланд и нејзиниот сопруг од институтот Бругингс Роберт Каган, пет пари да не даваат за демократски избори доколку нивните кандидати не победуваат. Иако украинскиот претседател Јанукович и македонскиот премиер Никола Груевски победиле на легитимни, легални и демократски избори по сите меѓународни стандарди и правила – нивните влади едноставно не се доволно пронатовски и проамерикански за вкусот на Нуланд и по Проектот за новиот американски век (PNAC).
Тактиката на Нуланд во Украина е донекаде поразлична од онаа применета во походот во Македонија. Нејзиниот заштитен знак, принесување векна леб на демонстрантите на Киевскиот Мајдан, се измени во непосакувана понуда на македонскиот печат, сугестии за тоа дека Груевски прислушувал дури 20.000 Македонци, што пак е докажано со видео снимка која е тајно направена од лидерот на опозицијата кој е финансиран од Џорџ Сорос, Зоран Заев, на состанок со Груевски.
Македонската разузнавачка служба ја обвинила Нуланд за конспирација со Заев и СДСМ, бивша Комунистичка партија која цврсто е држена од страна на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и Соросовите оперативци. За почот против Груевски обвинета е и Радмила Шеќеринска. Македонските инсајдер за Заев и Шеќеринска кажуваат дека тие двајца се само параван на бившиот претседател Бранко Црвенковски, кој и понатака во води СДСМ и зема пари од “невладините” организации на ЦИА, како што се Националниот демократски институт (НДИ), Националното здружение за демократија, Фридом Хаус и Соросовиот Инстиут за отворено општестви, да предизвика револуција против владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.
Владата на Груевски, за разлика од поглемиот број влади во регионот кои се инсталирани или се контролирани од САД, не сакаше поради Украина да воведе санкции против Русија. Таков став на владата во Скопје и донесе непријателство од страна на администрацијата на Обама, а најповеќе од онаа на Нуланд, чија работа ја следат неоконзервативните јастреби како што е републиканскиот сенатор Џон Мекејн и Линдзи Грејем, додека нејзиниот сопруг работи како советник за надоврешна политика на Мекејн и на предодредениот демократски претседателски кандидат Хилари Клинотн.
Одговарајќи на обвинувањата на Заев дека Груевски прислушувал 20.000 Македонци, вклучително и самиот Заев и неговите разговори со неговата ќерка, македонската влада го обвинува Заев и неговите соработници дека во содејство со странска разузнавачка служба-веројатно ЦИА- работеле на преврат на владата на Груевски. И, бидејќи постоела очигледна опасност од негово бекство, наредено е да му се одземе пасошот на Заев. Покрај Заев, обвинети се и неговите соработници Соња Верушевска и Бранко Палифроф, како и бившиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски. Груевски го обвини Заев дека се заканувал дека ќе открие осетиливи информации во вркса со владата – која му ги обезбедила ЦИА – и дека тоа ќе биде “бомба” во македонските медиуми, ако Груевски не формира преодна влада која би ја водела земјата до предвремени парламентарни избори. Груевски за истрчувањето на Заев рекол дека тоа не е ништо повеќе од уцеувачки притисок за да се добија предвремени избори. Што значи, со притисок врз Груевски да поднесе оставка и да распише вондредни избори, Ниланд ја одигра истата сцена како во Киев за да го турне Јанукович од власт.
Михаел Мартенс, новинар во Франкфуртер алемајне цајтунг кој прв ја објави сторијата за македонската пучистичка завера, во интервју за македонска телевизија рекол дека неговиот првобитен извештај за аферата прислушување е изменет од некој од Македонија. Мартен напоменува дека, со популација која брои два милиони луѓе, прислушување на 20.000 со многу би го надминало и способностите на источно-германското Штази. Во секој случај, тој тврди дека цифрата од 20.000 не е вистинита, македонските медиуми и политичари него и неговата сторија погрешно ја цитирале. Меѓутоа, вистината не е предмет на интересите и работата на провокатор како што се Викторија Нуланд и нејзините неоконзервативци – манипулатори и специјалисти за дезинформирање.
Никогаш со извинување Викторија FUCK EU Нуланд на собирот на 51-та Меѓународна конференција за безбедност во Минхен се состанала со македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски и претседателот Ѓорѓе Иванов за да го изрази своето незадоволство поради обвинувањата и побуната против нејзиниот пријател Заев и неговите соучесници од СДСМ. Пред тоа се понудила да посредува помеѓу Грција и Македонија поради тоа што оваа другата го користи називот Македонија, за што некои Грци сметаат дека е само Грчки. Оние кои ја пратат Македонија и македонските теми сметаат дека интересот на Нуланд за спор околу името е само замка, замка која ќе овозможи проамериканската влада – заедно со ционистите и багажот од глобалните банкари кои одат со “обоените” револуции – да ја завземе власта во Скопје. Викторија Нуланд и нејзините соучесници се надеваа на реприза на Киев, она што би можело да се нарече Киев 2.
Нуланд и нејзините во Скопје се вознемирени поради брзината со која македонските слу=би за безбедност ги откриле и пресретнале пучистите. Македонската полиција во рации извршени во Скопје и Велес заплениле пет лаптоп компјутери, три десктоп компјутери, 19 мобилни телефони, 100 ЦД-а и ДВД-а, 17 хард дискови, и 9 штедни книшки кои ги користеле пучистите, вклучително и една со број поврзан со Соросовиот НВО. Како што се доближувал датумот за планираниот пуч, растеле и банковите сметки, по претпоставка со кеш од ЦИА.
Не изненадува ниту тоа што Соросовите и пучистите на ЦИА ги користат социјалните мрежи и медиуми. Друштвените медиуми се едно од основните орудија на обоените револуции под покровителство на ЦИА и Сорос – два пати во Украина (Портокалова револуција и Евромајдан), Јасмин револуцијата во Тунис, Лотос револуцијата во Египет, Револуцијата на ружите во Грузија, Револуцијата на лалињата во Киргистан и Зелената револуција во Иран. Во случајот со Македонија, постојат јасни индикации дека заменик помошникот на американскиот државен секретар во Бирото демократија, човекови права и работи Томас Мелиа, одговорен за работите во ДРЛ во Европа, вклучително и Русија, како и Блискиот Исток и Северна Африка, се здружил токму со Заев да организира државен удар против владата на Груевски. Мелиа е бивш заменик директор на Фридом Хаус, неоконзервативен продугт од Студената Војна и Њујоршката збирштина на американски јастреби. Иако основан во 1941 година, од либерали како Елеонора Рузвелт, Ралф Банч, новинарката Дороти Томпсон, писателот на романи Рек Стаут и републиканскиот претседателски кандидат Вендел Вилки, Фридом Хаус се претвори во збирштина неоконзервативци, бидејќи членовите на одборот во последните неколку години станаа военохушкачки кретени како Пол Волфовиц, Кен Аделман, Збигњев Бже=ински, Доналд Рамсфелд и Ото Рајх. Фридом Хаус е фатен на дело, како парите на ЦИА ги прелева на опозициони групи во Иран, Судан, Русија и Кина. Во суштина, Фридом хаус како и Соросовите НВО-а, служат како медиум на ЦИА во поддршка на бунтовнички опозициони сили во десетина земји ширум светот, а сега, меѓу останатите во Македонија, Унгарија, Венецуела, Сирија, Египет, Србија, Јордан, Мексико и Куба.
Она што се случува во Македонија е класична дезинформативна конструкција, за да може демократски избрана влада да се извалка со измислени политички скандали. А конструкцијата од прирачникот на ЦИА и сега се изведува против аргентинската претседателка Кристина Фернандез де Киршнер, претседателката на Бразил Дилма Русеф и чилеанската претседателка Мишел Башле. Сите се соочуваат со финансиски скандали кои ги конструирала ЦИА, а се послужуваат со медиумите од тие држави кои самите ги финансираат. Во Македонија, во операцијата учествуваат медиумите под влијание на Сорос и Радио Слободна Европа.
Вулгарниот јазик на Нуланд единствено може да се мери со простаклукот на нејзините задкулисни операција во превратувањете на демократски избраните власти. “Нуландизмот” би требало да стане именка која означува срамно дипломатско однесување, на ист начин како што “квинслинг” означува предавник, а потекнува од името и делувањето на норвешкиот нацистички лидер Видкун Квислинг, и како што изразот “бојкот” значи прекување на сите работи со еден етнитет, а стана познат по ирскиот агент за земјиште, капетанот Чарлс Бојкот.
Извор: thenewsdoctors.comКако одлика на нео-конзервативците Викторија Нуланд и нејзиниот сопруг од институтот Бругингс Роберт Каган, пет пари да не даваат за демократски из