Првиот човек на американската Правосудна куќа, републиканецот Боб Гудлат ја предводи 15 члената делегација на итна мисија во Грција, Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија, Косово и Италија откако се појавија докази дека фаворизирањето од ерата на Барак Обама продолжува на штета на граѓаните, локалните институции, како и регионалната стабилност, пишува порталот Американски Спектатор.Делегацијата на Конгресот во саботата замина за да направи десетдневна истрага во време на одморот на Конгресот.
Вработен во одделот за комуникации во Куќата на правосудство одби да коментира поради безбедносни причини.
Иако шест од деветте членови кои патуваат се републиканци – вклучувајќи ги и конзервативците како Стив Кинг и Том Марино, конгресните патувања во странство како делегацијата зависат од Стејт департментот, во овој случај, амбасадорите во секоја од земјите се остатоци на администрацијата на Барак Обама кои продолжуваат да ги спроведуваат наследните политики.
-Тешко е да се замисли дека делегацијата ќе добие непристрасни информации од амбасадите, кои биле високи интервенционисти во локалната политика во согласност со значајни заедници во секоја земја, пишува порталот.
Во текстот на Спектатор накратко се пишува за политичката криза во Македонија.
„Незадоволен од лошото управување со својата земја, Еди Рама предизвика длабока нестабилност во соседна Македонија со агресивни напори да им помогне на колегите социјалисти и другите муслимански Албанци.
Амбасадата на САД нашироко се смета дека ја поддржува социјалистичката партија во Македонија, како и во Албанија.
Рама свика состанок на трите албански партии во Македонија (околу 15-20 отсто од жителите во Македонија се етнички Албанци) и ја изготви т.н. „Тиранската платформа“, опасен сепаратистички документ кој се заканува на идентитетот на Македонија.
Овие албански партии потоа влегоа во коалиција со македонските социјалисти и бараат да се формира нова влада против владејачката конзервативна партија ВМРО-ДПМНЕ, која и покрај сегашната криза успеа да ја направи најуспешната слободна пазарна економија на Балканот.
Низ целата земја, Македонците масовно протестираа против Тиранската платформа и против амбасадорот Џес Бејли, кој се смета за пристрасен противник на ВМРО-ДПМНЕ. Неодамна избувна конфликт во Собранието.
Повторно, повеќето локални власти имаат различни приоритети отколку амбасадата: Македонците со векови страдале од упадите на соседите. Тие се најмногу загрижени за безбедноста, додека Американците ги хранат Невладините организации со пари за „мобилизација“ и „активизам“.
Како што пишува македонско-американскиот лидер Бил Николов кон крајот на април „Американскиот Стејт департмент и Американската амбасада во Македонија се мешаат во внатрешните работи на Македонија, и тоа предизвикува хаос и засилени напади на етничкото потекло и суверенитетот на Македонците“.
Николов го моли Претседателот Трамп да го смени курсот во малата земја која се наоѓа северно од Грција.“, пишува Спектатор.
Во текстот се пишува и за кризата во Албанија, потенцирајќи премиерот Еди Рама кој е поддржан од американскиот амбасадор во земјата, Доналд Лу ја уништиле независноста во правосудството.
-Еди Рама, долгогодишен лидер на Социјалистичката Партија е близок пријател на Џорџ Сорос, чија мрежа е длабоко инволвирана во Албанија и која во партнерство со американската амбасада прават проект вреден 8.8 милиони долари за реформи во судството, се вели во текстот на Спектатор.
Порталот пишува и за поврзаноста на Обама и неговата администрација со лидерот на грчката левичарска партија, Сириза, Алексис Ципрас.
Според Спектатор, Хојт Брајан Ји при последната посета на Приштина во март им наредил на лидерите во земјата, националните безбедносни сили да ги направат формална армија.
Во текстот се наведуваат и случувањата во Босна и Херцеговина и конфликтот меѓу амбасадорката Маурин Кормак и Претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Спектатор пишува за напнатата ситуација за време на празнувањето на христијанскиот празник Св. Стефан, кога Додик доби санкции од страна на амбасадорката. За возврат, Додик ја прогласи за „непријател на Србите која не е добредојдена во Република Српска“.Делегацијата на Конгресот во саботата замина за да направи десетдневна истрага во време на одморот на Конгресот.
Вработен во одделот за ком