Американски управник се шокирал кога видел како изгледа еден норвешки затвор

Џејмс Конвеј, управник на затворот „Атика“ во Њујорк, не може да верува дека норвешкиот затвор „Халден“ – е затвор. Тој се чудел извесно време, а потоа почнал да се смее.Конвеј, кој 38 години бил на чело на затворот „Атика“ во Њујорк, во документарниот филм „Норден“ признал дека никогаш не размислувал за доброто на затворениците.
Имено, тој се шокирал кога видел какви се затворите во Норвешка, пишува Daily Mail.
– Вака стојат работите во Америка: ваша вина е ако завршите во затвор. Никој друг не е одговорен за тоа, тоа е само по ваша заслуга. Кому му е гајле како се чувствувате? – искрено вели Конвеј.
А норвешкиот затвор „Халден“ е луксузно опремен до тој степен, што Конвеј не можел да поверува дека тоа е затвор, а не хотел.
– Тешко прифаќам дека се наоѓам во затвор – му признал на Јан Стромнес, кој е заменик на директорот на затворот и кој му овозможил да направи обиколка.
Првиот шок за пензионираниот Американец била околината. Тој со неверување гледал околу себе, додека Стромнес му се фалел за чистиот воздух, богатите зеленила и прекрасните предели.
Ист израз на лицето имал кога влегол во дневната соба. Кожната гарнитура никако не му се вклопувала во неговото сфаќање за затворот.
Кога стигнале до кујната, Американецот ја отворил фиоката и видел есцајг, чудејќи се зошто затворениците користат вилушка и нож кога јадат.

Ако тоа не му било доволно, го докрајчи посетата на опременото затворско музичко студио. Домаќинот му објаснил дека тоа е дел од образовната програма, за која надлежните се надеваат дека ќе ја намали агресијата, но и стапката на криминал.
– Ова е затворска утопија. Во американските затвори нема ваква приватност. Затворот не треба да биде удобен – објасни Конвеј.
Погледнете и сами како си поминал:Конвеј, кој 38 години бил на чело на затворот „Атика“ во Њујорк, во документарниот филм &bdqu

Пронајдете не на следниве мрежи: