Додека трае заложничката драма на истокот на Украина, НАТО го засилува своето присуство во своите земји-членки близу Русија.600 војници утрово пристигнаа во Литванија како дел од засилените безбедносни мерки на НАТО во случај ситуацијата помеѓу Украина и Русија да ескалира.
Претседателката на Литванија, Далија Грибаускајте, го поздрави пристигнувањето на војниците и изјави дека и само еден повреден војник ќе значи удар не само врз Литванија, туку и врз НАТО и САД.
Во Славјанск пак, заложниќката драма се уште е во тек. Проруските активисти одбиваат да ги ослободат набљудувачите на мировната мисија на ОЕБС во Украина. Лидерот на проруските сепаратисти, Денис Пушилин, изјавил дека тие се сомневаат дека набљудувачите се шпиони кои работат за НАТО
Пушилин додаде и дека нема шанси тие да ги ослободат заложниците, освен ако Украина не понуди размена со некои од нивните пријатели кои беа уапсени во последните неколку дена.600 војници утрово пристигнаа во Литванија како дел од засилените безбедносни мерки на НАТО во случај ситуацијата помеѓу Украина и Русија да ескали