Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска пристигнува во посета на Турција, каде ќе се сретне со претставници на турските власти.Планирано е денеска Тилерсон да разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Меѓу главните теми, кои ќе бидат предмет на дискусија, се борбата против групацијата Исламска држава во Сирија, како и барањето на Турција за екстрадиција на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и од турските власти е обвинет за организирање на обидот за преврат во јули минатата година.
– Тилерсон најпрво ќе изрази сочувство за жртвите во нападите, извршени во Турција изминатите пет години. Турција загуби повеќе луѓе, отколку сите европски земји заедно, изјави претходно оваа недела претставник на Стејт департментот, јави ТАСС.
Тој прецизира дека Тилерсон во Анкара ќе разговара за следните чекори во кампањата против ИД, особено во сферата на плановите за стабилизирање на освоените области со цел ситуцијата да остане мирна и да се овозмиожи враќање на раселените лица.
На средбите во Анкара ќе биде разгледано и прашањето за офанзива на Рака, која се смета за престолнина на ИД во Сирија. Според Стејт департментот таа операција ќе биде сложена.
Чавушоглу вчера изјави дека апсењето на заменик-директорот на турската банка Халбанк, Мехмет Хакан Атила во САД исто така ќе биде една од темите на разговор со Тилерсон.Планирано е денеска Тилерсон да разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.