Американскиот официјален претставник, СДСМ и македонските Албанци околу договорот за поделбата на Македонија

Како што се очекуваше, по дарежливата  „помош“  на западните разузнавачки агенции, неколку терористички напади, невладините  организации, обидите на  „обоена револуција“ и два пати одложените  предвремени избори, победата на македонската партија ВМРО-ДПМНЕ на изборите конечно се одржа во средината на декември   не значи ништо, бидејќи лидерот на партијата Никола Груевски не смее да  формира влада по секоја цена, пишува хрвтскиот портал „Логично“На почетокот на 2015 година,   Западна канцеларија, американскиот амбасадор во Скопје, поранешен помошник на  државниот  секретар Викторија Нуланд и невладините организации  сториле се за  Груевски и ВМРО-ДПМНЕ трајно да се  отстранат  од власт. Сега тие се на пат да ја постигнат  својата цел, што уште еднаш  го потврдува фактот дека воопшто  не е важна  волјата на народот, туку  одлуките кои  се  се направени надвор од границите на земјита со  кои треба да се одземе суверенитет на државата.
Пресврт во Македонија – победникот  на изборите Груевски исклучен од преговорите!
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е исклучена од преговорите за новата македонска влада. По средбата со претставниците на т.н. Социјалдемократска партија на Македонија (СДСМ) и албанската страна на Демократската унија за интеграција, се очекува одлуката на  Али Ахмети за понудата на  лидерот на социјалдемократите   Зоран Заев.
„Секој кој ќе формира коалиција без најсилната партија може да очекува проблеми“, предупредува  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Груевски инсистира на предвремени парламентарни избори, додека  преговорите на конкурентот СДСМ и најсилната  албанска партија, Демократска унија за интеграција,  влегуваат во завршна фаза.
По преговорот на партиите, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, треба да ја донесе конечната одлука, а потоа Македонија би можела да добие нова влада, или сепак ќр  бидат распишани  нови парламентарни избори.

Без оглед на исходот од преговорите, јасно е дека во можната нова коалиција нема да има место за ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие треба да знаат дека во иднина ќе се соочат со проблеми, карактеристични за тоа кога се игнорира волјата на мнозинството на граѓаните”, рече Груевски по состанокот со претставниците на ОБСЕ во Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ потсетува дека во последните десет години во Македонија се почитува принципот за формирање на коалиција на најмоќната македонска и најсилната партија на Албанците, но овој принцип по неодамнешните избори е „заборавен“.

 
Извори внатре во  Демократската унија за интеграција (ДУИ) наведуваат дека очекуваат дека  Ахмети ќе се согласи  на коалиција со Заев, но и дека во партијата постои силно  крило, кое  сé уште се залага за сојуз со партијата на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ.
За Вашингтон Македонија „не е држава и треба да се подели“
Додека за нас „неважните“, избори и политичката криза во Македонија би можеле  да бидат  или  завршна фаза за поделбата на  оваа област, или би можеле  да го означат  почетокот на нови војни.
Да се потсетиме на неодамнешната изјава на американскиот републикански конгресмен Дана Рохрабахер, кој рече дека „му е жал, но и дека Македонија не е држава и треба да се подели.“
Министерството за надворешни работи на Македонија упати протест до Стејт департментот на САД, откако Републиканскиот конгресмен Дана Рохрабахер рече  дека „Македонија не е држава и треба да се подели меѓу соседите, како што се Косово и Бугарија.“
Според Рохрабахер, „самото создавање  на Македонија е пропаднат проект, а атмосферата е зрела за ново прецртување на границите“.
Ова е доста опасна  реторика  бидејќи поместувањето на  границите на тие подрачја, сигурно  отвора  „нови фронтови“ и води  до нови војни. Сега е неопходно да се да се разбере контекстот во кој  Рохрабахер ја дала  оваа изјава и дали тоа е официјална политика на новата администрација на САД?
„Моето верување е дека Македонија не е земја. Жал ми е – ова не е земја“, изјави  конгресменот на албанската телевизија Визион плус.
„Толкава е  поделбата  во земјата, што тие во иднина нема да бидат во можност да живеат заедно. Поради оваа причина, Косовците и Албанците во Македонија треба да бидат  дел од Косово, а остатокот од Македонија треба да бидат  дел од Бугарија или која било друга земја, за кои тие веруваат дека се поврзани “.
Но конгресменот не запира тука. На прашањето дали американскиот претседател ќе ја поддржи  поделба,  Рохрабакер вели дека тој има „влијание врз сегашните креатори  на политиката на САД, со оглед на неговото место во Комисијата за надворешни работи.“
На прашањето за границите, Рохрабакер  вели, „дека тоа на Балканот би било идеално да се спроведе  во мир“

Тој додаде дека не се плаши од влијанието на Русија во регионот на Балканот.
Неговите зборови предизвикаа брза реакција од Скопје, чие министерство за надворешни работи го предупреди Вашингтон по ова прашање.
„Неговите ставови  генерираат  огромна вознемиреност во Македонија и во регионот. Тој ја  разгорува  националистичка реторика во соседните региони, што не враќа во минатото. Ние веруваме дека   американскиот Стејт департмент на  соодветен наќин ќе ги отстрани сите сомнежи за наводните ставови  и дека  ќе ја потврди својата политика кон Македонија и на Балканот “, се вели во соопштението Скопје.
СДСМ и ДУИ „на линија“ со Рохрабакер?
На можната  поделба  на  Македонија предупредува колумнистот  на Дневник Ирена Радовановиќ.
Имено,   можно е  Зоран Заев и Али Ахмети да  формираат  влада, бидејќи  СДСМ  ѝ го  ветил местото на  премиер на  Теута Арифи, како што  пред неколку  години  истот  го стори Бранко Црвенковски. Но, не само тоа, бидејќи  Заев се согласи за поделба на Македонија по етничка линија, што би можело да биде увертира на спроведувањето на злокобниот план на Републиканскиот конгресмен ДанаРохрабахер.
Иако претседателот Иванов од  Заев  побарал  да се зачува единството на земјата, тој на Албанците им понудил  федерализација или двојазичност и канонизација по етничка линија, што е далеку од т.н. изградба на „граѓанското општество“,  како што вети во предизборната кампања и за време на кризата.
Клучното прашање во се  зборува ли Дана Рохрабакер за   де факто состојба  и развојот на настаните со кои тој е веќе  запознаен? Тоа, со оглед на функцијата, би требало  да биде  и  можеби затоа  сугерира „поделбата  на Балканот да се спроведе по мирен пар“, што е невозможно. Најдобар одговор  би  бил  дека  ова е само една од   неговите изјави како бесмислицата  за „независна држава на иранските Азери“.
Во секој случај, Македонија   овие денови треба да биде во фокусот на вниманието на сите оние кои се занимаваат со безбедноста на Хрватска и  регионот. „Кантонизација“, „федерализација“, „поделба на една суверена држава меѓу соседите“ се зборови, кои предизвикуваат тензии, етнички поделби и стравови поради лошите искуства во 90-тите.На почетокот на 2015 година,   Западна канцеларија, американскиот амбасадор во Скопје, поранешен помошник на  државниот  секрет

Пронајдете не на следниве мрежи: