Американски борбени летала беа подигнати за пресретнување два авиона коишто навлегле во зоната на забранети летови во јужниот дел на Флорида, привремено воведен по повод престојот на американскиот претседател Барак Обама, јавува во неделата телевизиската мрежа CNN повикувајќи се на воени извори од американското министерство за одбрана.Американската крајбрежна стража испратила хеликоптер и борбен авион од типот „F-16“ откако радарските системи регистрирале лет на мал авион од типот „Cessna 152“ над градот Палм Сити, околу пладне по локално време.Авионот бил пресретнат и принуден да слета. Пет часа подоцна уште еден авион „F-16“ бил кренат по аларм поради навлегување во забранетата зона над Палм Сити, овојпат на авион двосед од типот „Lancair 320“. Приватниот авион овојпат бил предупреден да го промени курсот по што летал покрај забранетата зона.Федералната управа за цивилно воздухопловство и американската тајна служба започнаа истрага за инцидентот, додава телевизиската мрежа.Според локалните медиуми, Обама зел куса пауза од работата и заминал за Палм Сити каде што се релаксира играјќи голф.Военото воздухопловство на САД одвреме навреме интервенира поради појавувањето на мали авиони кои летаат во областа привремено затворена за летови во областите каде што престојува претседателот.Сличен инцидент се случи во февруари минатата година кога авионот од типот „Cessna 182“, чиј пилот не одговори на барањата од контролата на летањето пријде на опасно растојание од авионот со кој патуваше претседателот Обама, при полетување од Лос Анџелес. Борбените авиони на американските воздухопловни сили ја пресретнаа и ја приземјија „Cessna“-та, во којашто подоцна беа пронајдени околу 20 килограми марихуана.
МакфаксАмерикански борбени летала беа подигнати за пресретнување два авиона коишто навлегле во зоната на забранети летови во