„Амфенол“ започна со градба на трета фабрика во Кочани: 400 нови директни вработувања

Американската компанија за производство на автомобилски делови „Амфенол“ која веќе има две фабрики и три производствени погони, почна со градба на трета фабрика во Кочани.Проширувањето на инвестицијата на „Амфенол“ ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при обраќањето на собирот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на почетокот од месец ноември. Груевски најави дека „Амфенол“ почнува со градба на нов погон за автомобилски делови во Кочани.
-Амфенол веќе има две фабрики и три погони во Кочани. Градбата на третата фабрика и четврт погон треба да заврши во средината на 2017-та и да отвори нови директни 400 работни места. Со сите нивни фабрики постоечки и новата Амфенол ќе достигне 2.500 нови вработувања, рече Груевски.
На својот трети роденден, „Амфенол“ денеска започна со градба на новата трета фабрика и притоа им врачи благодарници на дел од своите вработени.
-Би сакал да ви се заблагодарам за целото залагање. Се надевам дека во иднина ќе можеме да славиме и поголеми јубилеи, изјави претставник на раководниот тим.
Амфенол е светски бренд кој произведува автомобилски и комуникациски делови, железничка опрема и производи за авиоиндустријата. Инвестицијата во Македонија се фокусира само во делот на автоиндустријата.Проширувањето на инвестицијата на „Амфенол“ ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при обраќањето на собирот во спортскиот цен

Пронајдете не на следниве мрежи: