„Амнести Интернешенал“ ги оправда и во Македонија парите кои ги зема од Сорос

Во годишниот извештај на Амнести Интернешенал, инаку фондација која е чест корисник на огромни грантови од Сорос, делот за Македонија личи како да е напишан од било кој уреднички деск на соросовите портали.Во него има осврт на три точки – работата на СЈО, правата на Ромите и на бегалците.
За СЈО се пренесуваат тезите на порталите на СДСМ/Сорос дека бил попречуван во работата и не бил продолжен рокот за подигнување обвиненија, а нема ниту збор за тоа дека прво рокот беше зададен и одобрен од четирите партии потписнички кои беа свесни за обемот на работа,како ни за тоа дека СЈО цело време води хајка кон ВМРО-ДПМНЕ, правејќи медиумски спектакли на прес-конференциите на кои не пренесува информации за истрагата туку одржува неформално судење, без цврсти докази, со кршење на сите процедури и покажување значително непознавање на правото.
Во извештајот нема ниту збор за тоа дека СЈО врши притисок и уцени врз сведоци и судии, дискредитирајќи го секој кој ќе се дрзне да го почитува законот, и да го осуети неговото кршење од страна на СЈО.
Конечно, нема ниту збор дека на Јанева и СЈО им беа дадени одврзани раце да ангажираат уште колку сакаат обвинители ако не можат да работат во посакувана брзина во овој капацитет, што таа го одби. Значи дека не станува збор за желба побрзо да се заврши со предметите, туку што е можно подолго СЈО да е тројанскиот коњ на неговите инспиратори во Македонија и да цица по 4+ милиони евра годишно од буетот, кој Јанева одбиваше транспарентно да го презентира пред Собранието, што е скандал сам по себе.

Ромите и бегалците се освртите со кои Амнести Интернешенал се труди да го „купи“ својот кредибилитет како неполитичка организација која не се труди да влијае на политичките процеси, иако дефакто тоа е.
Не само што е финансирана од Сорос, туку и на својот веб-сајт не ги споделува изворите од кои ги црпи информациите што е совршено логично за припадниците на Соросовата мрежа – сами се инормираат, си пишуваат извештаи од разни организации и потоа преку соросовите медиуми ги пуштаат меѓу јавноста, повикувајќи на некаков измислен интегритет на информација и извор – а во суштина станува збор за луѓе платени од ист извор – Фондацијата Отворено Општество.
АИ на својот сајт јавно признава дека целта и е да врши притисок врз владите. Сорос на својот сајт признава дека активно ја финансира. Писмата кои протекоа во аферата „Сорос ликс“ јасно покажуваат како Џорџ Сорос дели инструкции на политичари и организации каде и како да вршат притисок за да се спроведуваат неговите идеи.
Само Соросовите медиуми во Македонија спијат на двете уши и ја спроведуваат анредбата да го шират извештајот на Амнести Интернешенал како независен, иако е напишан од нивни „тивки“ соработници од соросовата мрежа. Ако не беше трагично, ќе беше смешно.Во него има осврт на три точки – работата на СЈО, правата на Ромите и на бегалците.
За СЈО се пренесуваат тезите на порталите на СДСМ

Пронајдете не на следниве мрежи: