Амнестирани се сите пратеници, може да се смени името!

Ова се очекуваше. Да се амнестираат пратениците за да може без проблем да и се смени името и идентитетот на државата. Што ве гледам чудни? Да не очекувавте нешто друго? По се што се случи во оваа држава очигледно е дека се исплати криминалот, и се исплати да си по секоја цена во политичките корумпирани врхушки. Затоа што таму законот не важи. За кражба на ќебапи во оваа „вукојебина“ се оди во затвор, а за сериозни криминали НЕ!! Енде. Нема потреба што повеќе да се додаде. 
Ќе си седнат врхушките и ќе си се договорат. За нив секогаш ќе има се. Ќе има и плати и дневници, и расходи и репрезентации. Ако случајно зафалат пари ќе си се задолжат во странство и пак ќе имаат пари за се. Вие пак, може да се селите и да ринтате во странство или да чепкате по контејнери…
Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов се амнестирани за кривичните дела направени на 27 април минатата година. Покрај нив, амнестирани се и  Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски. Значи имаме 5 плус за ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ. Сега треба да се види да не фали уште некој па да му фрснат некој тендер…
Идете вие пак блокирајте улици и нека ви се смеат. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.