Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. АМСМ предупредува дека поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека и на патниот правец Маврово – Дебар каде за останатите возила е задолжително користење зимска опрема.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на Евзони каде поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, се уште не е дозволен влез на товарни возила и автобуси во Грција.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Пресека и на патниот правец Маврово – Дебар каде за останатите