Амстердам низ четири аспекти

Амстердам, главниот град на Холандија е сон на многумина туристи. Оние кои веќе го посетиле ги раскажуваат следниве впечатоци!Луѓе
Со еден збор, луѓето во Амстердам се опишуваат како сосема различни – по националност и  боја на кожа, но сите тие се убави, ведри и срдечни. Доколку во Амстердам се обратите за одговор со сигурност ќе добиете смирено и исцрпно објаснување дури и по втор пат доколку не сте разбрале.
Постарите лица се посебна категорија. Тие се здрави, активни и модерни и пред се многу толерантни кон различните од нив.
Транспорт
Основното правило гласи дека велосипедизмот е основа на транспортниот систем во Амстердам, а велосипедистот речиси секогаш е во право. Почитувањето во сообраќајот почесто е норма отколку исклучок. Првиот впечаток за центарот на Амстердам е дека пешаците се најмалубројни бидејќи поголем дел од нив трчаат наместо умерено да пешачат.

 
Архитектура
Може да се каже дека околу 60% од градбите во Амстердам се нови и не станува збор за стаклено – бетонски згради туку секоја зграда е автентична на свој начин или по миксот на бои или по градбата која и пркоси на гравитацијата.
Природа
Она што е лесно воочливо е дека сите жители, од децата до најстарите, се грижат за флората и фауната во парковите кои пленат со свежина. Во пригратските населби парковите се разубавени со скокањето на зајачиња.
Не заборавајте да ја посетите една од најпрометните улици во Амстердам, тесната средновековна улица – Kalverstraat која се наоѓа во срцето на градот.
Х.Н.

Пронајдете не на следниве мрежи: